Мила Царовска ја презеде функцијата министер за труд и социјална политика

Од:

Денеска Мила Царовска ја презеде функцијата министер за труд и социјална политика од досегашниот министер Ибрахим Ибрахими при што остварија и кратка средба на која што извршија примопредавање на функцијата. На средбата Царовска и Ибрахими разговараа и за актуелните состојби во Министерството.

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска го започна првиот работен ден со средби и состаноци со вработените со цел запознавање со тековните работи во Министерството за труд и социјална политика.

На колегиумот со раководителите и државните советници министерката Царовска нагласи дека како министерка за труд и социјална политика основното начело според кое ќе се раководи во извршување на функцијата ќе биде професионалноста, стручноста, мотивацијата и искуството, со единствена цел МТСП да биде сервис на граѓаните.

„Верувам дека заедничка цел ни е да работиме исклучиво во интерес на граѓаните и затоа потенцирам дека ќе се фокусираме на транспарентна и активна соработка оставајќи ги на страна поделбите базирани на политичка, верска или било каква лична определба. Од 8:30 до 16:30 часот сите ние сме администрација во служба на граѓаните.

Во иднина, нашата мисија е да го зајакнеме дијалогот и поддршката во областа на социјалната политика во државата, да ја интензивираме борбата против сиромаштијата и социјалните разлики, и да го реформираме и надоградиме системот на социјалната заштита, со цел да биде правичен и одржлив сервис за сите граѓани Се надевам дека ќе бидеме сите на ниво на довербата што ни ја дале граѓаните во исполнувањето на нашите обврски“ рече министерката за труд и социјална политика Мила Царовска пред колегиумит и вработените.

Царовска очекува во период што доаѓа атмосфера на интензивна соработка и позитивен натпревар во исполнувањето на работните цели и задачи.

Би можело да ве интересира

Граѓаните да пријават ако се користат возила за партиски активности, побара министерот Ѓоко Велковски

A1on

Уште две министерки побараа апанажа: Царовска молчи за плановите, Шекеринска размислува

Кристијан Ландов

Царовска: Условите за работа и движење меѓу население и условите за движење во училишниот двор се подеднакви

Царовска: Брзи тестови во училиштата не се препорачани од Комисијата за заразни болести

Катерина Ѓуровски

Царовска: Состојбата во училиштата стабилна

Катерина Ѓуровски

Царовска: Изминатиот ден имавме 14 позитивни ученици, нема интерна трансмисија во училиштата

Маја Илиевска-Пачемска