Граѓаните да пријават ако се користат возила за партиски активности, побара министерот Ѓоко Велковски

Од:

Техничкиот министер за труд и социјална политика Ѓоко Велковски испратил порака до сите директори на Центрите за социјална работа, Меѓуопштинските центри за социјална работа, Јавните установи и сите чинители на избрани и именувани функционери кои се под капата на Mинистерството со укажување за користење на движни и недвижни ствари во државна сопственост за време на изборната кампања, а во согласност со изборниот законик.

Укажувањето се однесува на законско користење на канцеларискиот простор, канцелариската опрема и службените возила на државните органи за време на изборната кампања и тоа за Избори за Претседател на Република Северна Македонија 2024 година и Избори на пратеници во Собранието на Република Северна Македонија.

Непочитувањето на обврските и забраните од укажувањето повлекува кривично – правна одговорност согласно законските прописи.

Во наредниот период доколку било кој граѓанин забележи злоупотреба на ресурси, агитирање, партиски активности, злоупотреба за службената положба во функција на влијаење на слободната волја на граѓаните веднаш да го пријави истото во министерството на 02/3106456 или на емаил [email protected]

Би можело да ве интересира

Велковски: Буџетот на МТСП оштетен над 2,5 милиони евра

Координатор во Влада поплатен од министер: Функционерите ќе имаат високи плати и покрај намалувањето

Орце Костов

Велковски: Милионски криминал во МТСП со социјалната помош

Баножиќ е осомничен за предизвикување сообраќајна незгода во патниот сообраќај

Кривична пријава против Баножиќ за предизвикување сообраќајна незгода

Пленковиќ го разреши Баножиќ

Горан Наумовски