Мијалков: Се’ што видовме досега од снимките е во наш прилог

Од:

На продолжението од судењето за случајот на СЈО „Тортура”, обвинетите Сашо Мијалков и „алфите” продолжија да ги гледаат снимките од увидот на МВР и собирањето на доказите во случајот „Кампања”.

СЈО презентира десетици снимки од неколку камери на МВР, со кои било документирано апсењето на Љубе Бошкоски и собирањето и форензичката анализа на доказите. На една од снимките е прикажано како крим-техничарите земаат отпечатоци од доказите кои ги собраа „алфите” при апсењето на Бошкоски. Техничари од МВР со бели ракавици ги вадат банкнотите од по 100 евра и ги запишуваат сериските броеви.

Ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков рече дека ќе ги гледаат сите докази кои ги предложило обвинителството. “Можда има нешто што е во наш прилог, зашто, се’ што видовме досега е во наша корист”, рече Мијалков.

СЈО претходно побара да бидат повлечени дел од снимките од камерата 2 каде се гледа форензичката анализа на дел од доказите во МВР.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Мицкоски очекува новиот јавен обвинител да истражи како Катица Јанева ги предаде случаите од затвор

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски

Бубевски вели дека Кадриу кажува измислици и клевети, бара извинување или ќе тужи

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Љубе за пресудата: Сите видоа како ми ставаат пиштол на образ, а за судот нема тортура

Анита Петровска Рајковиќ

Апелација ја потврди ослободителната пресуда на Мијалков за „Тортура“

Катерина Ѓуровски