Мијалков останува во затворот во Шутка, милионите не се гаранција дека нема да избега

Од:

Ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков останува во затвор, одлучија судиите во скопска Апелација. Тие не ја прифатија гаранцијата од 10.8 милиони евра која ја понуди за да излезе од затворот во „Шутка“ се до правосилноста на пресудата за „Трезор“. Ваквата одлука на судиите следува и откако Вишото јавно обвинителство даде негативно мислење за Мијалков да се брани од слобода до правосилноста на пресудата.

„Потврдено е првостепеното решение, останува истата мерка“, велат од Апелација за „А1он“.

Три од осум фирми во сопственост на Мијалкови, со имот вреден 10.8 милиони евра, требаше да го извадат ексдиректорот на УБК од затворот „Скопје“ во Шутка, објави „А1он“. Гаранцијата се состои од објекти, но и бензински пумпи и депоа за чување деривати. Една од фирмите е сопственост на Сашо Мијалков, втората е на неговиот поголем син Јордан Мијалков, а кај третата како сопственик се јавува фирмата на Јордан Мијалков и Александар Ивановски, познат како Алек Теранова.

Претходно, гаранцијата на Мијалкови не ја прифати и Кривичниот совет при Кривичниот суд, иако обвинителот Артан Ајро кој го води случајот „Трезор“ беше убеден дека гаранцијата е доволна за судиите да го пуштат Мијалков од затвор.

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: Слободата на Сашо Мијалков не ja донесе Дедо Мраз, туку Артан Груби, со дозвола на дедото од Зајас

ВРЕДИ: ДУИ го губи компасот, во забуна не знае што прави, кого напаѓа, а кого го брани

Јавното обвинителство не се согласило со условен отпуст за Сашо Мијалков

ВИДЕО: Целото видео на Сашо Мијалков со џет сетот во хотел во Монако

А1он

Браќата Мијалкови добија орден од МПЦ

Мијалков утрово го напушти струшкиот затвор, бил примерен затвореник