ВРЕДИ: ДУИ го губи компасот, во забуна не знае што прави, кого напаѓа, а кого го брани

Од:

ДУИ го губи компасот, во забуна не знае што прави, кого напаѓа, а кого го брани. Мијалков им стана помил од меѓународната заедница, велат од коалицијата ВРЕДИ.

ВРЕДИ со загриженост ги следи неодамнешните изјави на пратеникот Зејд Реџепи од Европскиот фронт (ЕФ), коалиција на ДУИ, со кои повторно се прави обид да се наруши довербата на Албанците кон нашите стратешки партнери од Западот. Со ваквите ставови, раководството на ДУИ и Европскиот фронт покажува дека не знае што прави, дека е во целосна конфузија и дека ги става своите лични и партиски интереси пред стратешките интереси на Албанците и на државата. ВЛЕН ја повикува јавноста и членството на ДУИ да размислат дали нивните лидери, кои очигледно продолжуваат да ги конфронтираат Албанците со нашите западни партнери, заслужуваат уште да ја водат партијата и да учествуваат во креирањето на иднината на граѓаните. Време е за јасна дистанца од корумпирани политики и антизападна реторика. Албанците и сите граѓани на Северна Македонија заслужуваат искрени лидери, одговорни политики и силно партнерство со ЕУ, НАТО и целата меѓународна заедница. ДУИ и ЕФ ги дистанцираат Албанците од западните сојузници. Настапите со кои се изразува сомнеж во меѓународната заедница укажуваат дека ДУИ и Европскиот фронт намерно настојуваат да ги оддалечат Албанците од Западот. Ваквата реторика е крајно штетна и оди спротивно на децениските определби на граѓаните на Северна Македонија, вклучително и мнозинството Албанци, за зачленување и блиско партнерство со ЕУ и НАТО. Обвинувањето на меѓународната заедница за сопствените криминални афери е неосновано. Неразбирливо е како ДУИ и ЕФ упорно го вперуваат прстот кон амбасадорите и странските институции, наместо да се соочат со сомнежите и фактите за своите корупциски скандали. Ваквиот обид за префрлање на вината е само уште еден доказ дека раководството на ДУИ е во длабока забуна и дека нема капацитет да ги решава вистинските проблеми. Личната одговорност на Артан Груби сакаат да ја релативизираат. Обидите да се прикаже дека Артан Груби не е виновен за сопствените постапки, туку дека „криви“ се амбасадорите, е врв на манипулација. Ова е класичен пример на избегнување на одговорност, со што се потценува и јавноста и членството на ДУИ. Тврдењето дека „Артан настрадал затоа што ги слушал“ е врв на самобендисаноста на ДУИ и ЕФ. Оваа теза на ДУИ и ЕФ, според која одговорноста им припаѓа на другите (амбасадори, меѓународни претставници итн.), наместо на самите функционери, е уште еден очаен обид за алиби. ДУИ и ЕФ продолжуваат да даваат нелогични и контрадикторни изјави за да ги залажат сопствените членови и целата јавност, се вели во соопштението од ВРЕДИ.

Би можело да ве интересира

Судење за „Државна лотарија“: Обвинителството презентира докази за злоупотреби – за одбраната тие се нејасни и контрадикторни

Перпарим Бајрами не се чувствува виновен за случајот „Државна Лотарија“

Продолжува судењето за „Државна Лотарија“, поранешниот директор Бајрами на обвинителна клупа

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Дали возилото на заменик-директорот на Царина беше веднаш зад возилото на уапсениот за примање поткуп од 17.500 евра?

А1он

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

ДУИ: 17.500 евра не можат да завршат кај заменик-директорот – да се истражи целиот синџир до Даути, Касами и Меџити