Tони Михајловски: Нападнати сме од домашниот предавник Заев, треба да го исфрлиме

Од:

Тони Михајловски на протестот пред Министерство за правда во организација на ВМРО-ДПМНЕ под мотото „Оставка на Заев, слобода на народот“ порача дека сега е време сите заедно да се сплотат и да му се спротивстават на предавникот Зоран Заев.

„Јас сум Македонец, мојата земја е Македонија, јазикот кој го зборувам е македонски. Ова е еден од најцрните денови кои сме ги живееле, кога ни било забрането да зборуваме на македонски јазик и да се раѓаме као Македонци. Не ни
веруваме дека човек може да е волку предавник и да му е толку трула душата и да може да се одроди толку од сопствениот народ. За жал таквиот е роден меѓу нас и се вика Зоран Заев“, рече Михајловски.

Тој укажа дека е сега моментот кога треба да се заборават ситните интереси и да си подадеме рака без разлика на идеологиите, филозофиите, јазикот кој го зборуваме и да застанеме во одбрана на јазикот и држава.

„Нападнати сме од домашниот предавник, треба таа змија да ја исфрлиме и да продолжиме да живееме горди. Овде сме да повикаме на заедништво, да застане брат до брат, да му плукнеме на овој изрод и да го отераме на ѓубриштето на
историјата, да покажеме дека сме единствени, да покажеме дека не му се плашиме на Заев. Да излеземе сите еден до еден и додека не замине да не се враќаме во нашите домови“, рече Михајловски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Кога веќе следите, зошто не објавите фотографии од Дубаи?

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да објасни како ги стекнал средствата за златна виза во Дубаи

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да каже од каде 500.000 долари за инвестиции и златна виза во Дубаи

А1он

Протест во Куманово: Работници од Ирак и Авганистан незадоволни од известувањата на УЈП

Горан Наумовски

Протест „Стоп за УСЈЕ“, се бара дислокација на цементарата

Ангелова: Опозицијата шири лаги, инфлацијата во државата се стабилизира