Има очекувања на некои радикални елементи во нашата структура за повлекување од меѓународни договори и преговори – тоа би било идеално доколку сме ние сами на овој свет, вели Мицкоски

Од:

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, кој престојува во работна посета на Соединетите Американски Држави, во интервју за МИА од Вашингтон, вели дека темата за односите со Бугарија е неизбежна и секако се разговара, посебно со луѓе од Советот и Комисијата, но подвлекува дека „не е од оние луѓе кои што брзоплето ги прават работите во политиката“ и дека „бараме решенија“, но „никогаш нема да влезам во процес без да имам предвидлив крај“.

Мицкоски, нагласува дека според него, прво треба да изградиме доверба, а за тоа треба да разговараме и треба таа желба да постои и од двете страни.

– Подготвени сме да аргументираме, подготвени сме, ако аргументите на соговорникот ги совладаат нашите аргументи, да ги прифатиме. Не се инаетиме, не сме тврдоглави. Но, она што претставува наша цел е нашата стратегија, нашата вистина да ја презентираме на најдобар начин на кој што можеме и преку една политичка дебата, една политичка борба на меѓународната сцена да вратиме дел од позициите кои што претходните влади ни ги загубија – истакнува премиерот Мицкоски.

Односите со Бугарија, посочува Мицкоски, се тема на разговор со нашите европски партнери, посебно со луѓето од Советот и Комисијата, со претседателот Кошта, со високиот претставник за надворешна и одбранбена политика, Каја Калас и оценува дека „привлекуваме внимание и веќе сме во сериозна оптика на нашите партнери, посебно во Европа“.

-Имаме и регионални настани на кои ќе учествувам и јас во делот на мултилатералата, таа тема е неизбежна. Нормално дека таа тема ја разговараме. Јас не сум од оние луѓе кои што брзоплето ги прават работите во политиката. Свесен притоа за реалноста, свесен за погрешната политика во минатото, од претходните влади. Од друга страна, очекувањата на некои радикални елементи во нашата структура за повлекување од меѓународни договори и преговори – тоа би било идеално доколку сме ние сами на овој свет, но не сме сами и мораме да се бориме да ги повратиме загубените позиции кои во минатото, за жал, претходната влада ги минираше. Така што во рамките на таа борба ние секогаш презентираме аргументи кои што се јасно методолошки разбирливи на соговорниците – вели Мицкоски.

Бараме решенија, нагласува Мицкоски, и посочува дека „никогаш нема да влезам во процес без да имам предвидлив крај“.

-По мене, за да дојдеме до еден таков процес, најпрвин треба да изградиме доверба, а за тоа треба да разговараме. Треба таа желба да постои и од двете страни, ова е двонасочна улица, не може само од едната страна. Ќе го водиме процесот паралелно, подготвени сме да разговараме за усогласување на акцискиот план за малцинства, се разбира во присуство на меѓународната заедница, бидејќи ако водиме дијалог само со нашиот источен сосед, тогаш се потврдува она што ние велиме дека е билатерално прашање. Се плашам дека таков дијалог е дијалог на луѓе кои можеби нема да успеат да се слушнат на вистински начин. Затоа ценам дека е потребно да имаме уште еден на масата. Еве тоа нека биде претставник можеби од страна на Европската Унија – вели Мицскоки.

Продолжуваме, нагласува Мицкоски, да ги испорачуваме реформите кои што се дел од планот за раст, на Реформската агенда и го следиме развојот на настаните во Европа на политичката сцена.

-Динамично е, секаде во светот е динамично. Ние мораме во овие предизвици да ја најдеме и нашата шанса и тоа го правиме – нагласува Мицкоски.

Во однос на најавите за некаков вид на асоцијативно членство во ЕУ, Мицкоски ги оценува како брејнсторминг, размена на идеи и дека не би навлегувал сега во таков тип на дискусија.

-За нешто да влезе, да профункционира, тоа подразбира промена на договорот што го има самата ЕУ. Светот дефинитивно се менува, и тоа се менува со една голема брзина. Се репозиционираат интересите и јас ценам дека во еден еден таков мултиполарен свет ние, повторно ќе кажам како релативно малубројна земја, не многу значајна, имајќи ја предвид големината како територија – но како локација значајна, посебно во овој дел на светот, треба да ја најдеме нашата шанса. И мислам дека ја пронаѓаме. Контурите се исцртуваат – нагласува Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски од Вашингтон: Европската интеграција мора да се темели на реформи и заслуги, Македонија нема да чека- економијата мора да оди напред

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пред Атлантскиот совет: За членство во ЕУ треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај

(ВИДЕО) Марта Кос: Македонија мора да го исполни ветувањето и да ги внсе Бугарите во уставот

Катерина Ѓуровски

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Му пишувал дека е свиња и дека ќе го коле на плоштад, Мицкоски за заканите од 39-годишниот маж

Катерина Ѓуровски

Обвинителството бара привор за кумановецот кој му се закануваше на Мицкоски

Катерина Ѓуровски