Мигрант пронајден мртов на железничка станица Илинден – починал од струен удар

Од:

Машко лице било пронадено починато во пределот на железничката станица во Илинден.

Според лекарите лицето починало од струен удар.

По увидот било констатирано дека се работи за странски државјанин – мигрант кој најверојатно се обидувал да се качи на некој од вагоните при што закачил од жиците кои се под напон.

Од МВР го потврдија случајот.

„ Вчера во СВР Скопје било пријавено дека во 01.10 часот на Железничка станица „Илинден“ било пронајдено починато едно лице-мигрант, кое се здобило со повреди од струен удар.“

Увид на местото бил извршен од екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено за обдукција, соопшти полицијата.

На истата локација пред неколку месеци загина малолетно девојче кое по игра со другарите се качило на еден од вагон цистерните и допрело од каблите под напон. Девојчето загина на лице место.

По нејзината смрт јавноста апелираше местото да се обезбеди подобро.

Би можело да ве интересира

Георгиевски: Во Илинден ќе се отвори полициска станица за безбедна и мирна животна средина за сите граѓани

Државна делегација предводена од потпретседателката на Собранието, Весна Бендевска во манастирот Прохор Пчински

Сиљановска-Давкова од Мечкин Камен: Македонската држава не е стебло без корен, таа е вкоренета во демократските и хумани визии на Гоце Делчев и неговите соборци

Одбележување на 2 Август, Илинден – Денот на Републиката

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Илинден нека обединува и потсетува каква држава треба да оставиме на генерациите по нас

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

Предраг Петровиќ