Мицотакис ќе го отвори прашањето за непочитување на Преспанскиот договор на самитот на НАТО, нема потврда за средба на премиерите

Од:

Ставот дека прашањето со „прекршувањето на Договорот од Преспа од соседната земја“, Киријакос Мицотакис ќе го покрене на НАТО Самитот во Вашингтон, го повтори директорот на Канцеларијата за односи со јавност и медиуми на грчкиот премиер, Панос Амирас во интервјуто за државната телевизија ЕРТ и посочи дека не е планирана средба на двајцата премиери, јави дописничката на МИА од Атина.

-Секако дека ќе се покрене прашањето за прекршување на основните одредби од Договорот од Преспа од соседната земја. Не знам за некоја планирана средба со премиерот на Северна Македонија. Не знам дали ќе се случи, но сигурно не постои нешто што е планирано од грчка страна, рече Амирас.

Во однос евентуална средба на Мицотакис со претседателот на Турција посочи дека „и со Ердоган не е планирана“, но не ја исклучи можноста да се случи, особено во текот на утрешниот ден, објаснувајќи дека делегациите на двете земји во овој период имаат состаноци.

Портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис на вчерашниот редовен брифинг со новинарите, рече дека за време на учеството на НАТО Самитот, Мицотакис „ќе го покрене на највисоко ниво“ прашањето со Договорот од Преспа, дека ќе спомене дека „не се почитува, особено прашањето со сложеното име ерга омнес“, како и дека „соседната земја, не ја почитува ниту првата страница на овој Договор“, додека пак одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина за евентуална средба на двајцата премиери, рече дека не е планирана „но не е исклучено во рамките на активностите и на маргините на Самитот на НАТО, премиерот да има и некои билатерални средби“.

Позициите на Маринакис и денеска ги пренесуваат грчките медиуми во текстовите посветени на учеството на Мицотакис на Самитот, а детално ги следат и изразените ставови на Мицкоски од Вашингтон, особено во однос на тоа дали го користи терминот Македонија или терминот Северна Макединија во неговите изјави.

Премиерот Мицкоски, пред заминувањето за Вашингтон во однос на евентуалната средба со неговиот грчки колега, изрази надеж дека доколку се случи тоа, „ќе го задржат достоинството и дека ќе разговараат како партнери и како добри соседи“.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Наметнатиот билатерален спор нема да ја запре европската агенда

Таен состанок во НАТО, ќе се зајакнува военото присуство на Гренланд

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Приоритет ни се реформите и проектите, не изборите

(ВИДЕО) Мицкоски: 2026 година ќе биде година на големи и крупни чекори

Мицкоски за Божик: Силата на државата започнува од домот, да градиме иднина за нашите деца

А1он

Мицкоски ја поддржува, ама и не ја поддржува акција на САД, реагира СДСМ

Катерина Ѓуровски