Мицкоски: Власта е ортак со криминалците затоа имаме убиства на 300 метри од центарот на Скопје

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при денешната негова посета во струмичкиот регион посочи дека кога нема јасна линија помеѓу владата и криминалот и кога половина припадници на балкански картели со дрога имаат македонски пасоши кои што им се издаваат овде тогаш е нормално да криминалот си има своја држава.

-Кога нема јасна линија помеѓу владата и криминалот, кога половина припадници на балкански картели со дрога имаат македонски пасоши кои што им се издаваат овде, тогаш нормално е криминалот да си има своја држава, и за жал тоа е нашата Македонија. Затоа велам колку побргу заминат толку побргу ќе дојде крајот на ова девијантно однесување, рече Мицкоски.

Претседателот Мицкоски во врска со убиството кое се случи пред некој ден потенцираше дека сето ова се случува затоа што во Македонија тој што треба да го гони криминалот е ортак со криминалот.

-Инаку на 300 метри од центарот на Скопје да се случи едно вакво убиство, луѓе со автоматски пушки да си шетаат и тоа не еден туку четворица, на 300 метра ќе повторам од центарот на главниот град, ниту во најлошите кинематографии не можете да го сретнете, но ете за жал многу очевидци тој ден, во тој локал или во околината видоа како се врши брутална егзекуција на луѓе. Тоа е причина само поради тоа што немаме јасна поделба помеѓу тој што треба да го гони криминалот и да биде ортак со него. За жал кај нас тој што треба да го гони криминалот е ортак со криминалот, додаде Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Крвава пресметка во Загреб – млад човек од БиХ убиен со два истрела

А1он

Мицкоски: Очекуваме дизелот да поевтини за 2,5 , а бензините за 1,5 денари

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Трамп објави видео од маж кој со чекан убива жена: „Ако го увезеш Третиот свет, стануваш Трет свет“

Горан Наумовски

Обвинетиот за убиството на Борјанка Николова го смени исказот – бара ослободителна пресуда

А1он

Антимон од рудник во кривопланечко ќе се извезува во САД, најави премиерот

(ВИДЕО) Мицкоски: Ги информиравме сојузниците во НАТО и ЕУ за обид за дестабилизација од опозицијата на протестот на студентите

Катерина Ѓуровски