Мицкоски: Владата џабе ја моли меѓународната заедница да не притиска, ВМРО-ДПМНЕ нема да гласа за уставни измени

Од:

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски смета дека владата предводена од СДСМ оди по светот да ја моли меѓународната заедница да доаѓа во Скопје и да го малтретира ВМРО-ДПМНЕ, мислејќи дека така ќе го испорача тоа што го презела.

На настан во Општина Гази Баба, Мицкоски кажа притисоците нема да успеат.

„Тие одат коленичат пред светот и ја молат меѓународната заедница да доаѓа овде во Македонија и ја притискаат да прави притисоци и тортура врз ВМРО-ДПМНЕ, а преку ВМРО-ДПМНЕ и врз огромното мнозинство граѓани во Македонија. Но, навистина можам да ги разочарам, такво нешто нема успее. Тоа беше јасно уште на 18 август кога се гласаше дневниот ред во парламентот, но и претходно кога на комисија се гласаше потребата за уставните измени. И таму беше јасно дека нема двотретинско мнозинство од пратениците“, истакна Мицкоски.

Тој рече дека наместо да се зборува за инфлацијата, учебниците, здравството, пензионерите, се зборува само за убедување на пратениците на ВМРО, што според него, нема да се случи никогаш.

– Не е европска вредност да клекнете во Софија и да потпишете договор за да го обезличите вашиот народ. Тоа е предавство и за тоа историјата ќе суди – додаде тој.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Младите брачни парови и самохрани родители до 40 години ќе се ослободат од комуналии за да се реши станбеното прашање

Евроамбасадорот Рокас ќе му го врачи извештајот на Европската комисија на премиерот Мицкоски

Мицкоски: Македонија веќе 15 години не е членка на ЕУ поради вештачки прашања

Катерина Ѓуровски

Кос повтори: Македонија треба да ја исполни обврската за завршување на уставните измени

Мицкоски: Компанијата „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија

А1он

Мицкоски: Ја продлабочуваме економската соработка со Германија, целта е повеќе инвестиции и повисок БДП