Мицкоски преку видео-обраќање од карантин: Навремено да се донесе нов втор сет на мерки за да го одржиме стопанството во живот

Од:

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, втор ден откако е во изолација, а откако беше на интервју со уредникот од Канал 5, Гоце Михајлоски, кај кого беше утврдено присуството на Ковид-19, до граѓаните се обрати преку видео-обраќање.

„Дозволете ми најпрвин да ја искористам оваа можност да ви посакам многу здравје Вам и на вашите семејства, на сите оние кои се инфицирани од Ковид-19 вирусот побрзо закрепнување, а да ја искористам можноста и да се заблагодарам на медицинските работници, на припадниците на МВР  и на Армијата за сето она кое што го прават за македонските граѓани и за Македонија.

Денеска е вториот ден од мојата лична самоизолација, се чувствувам одлично, и здравствено и физички. Денот го искористив за анализа на веста којашто пристигна во раните утрински часови, а тоа е дека ММФ и додели заем на Македонија во вредност од 176 милиони евра, средства коишто треба да бидат наменети за поддршка на здрравствениот сектор и макроекономската стабилност на државата“.

Тој вели дека треба веднаш да се размислува за втор сет на мерки за тоа што би било после јули, затоа што сега во овој момент сите оние политики во насока на поддршка на стопанството и компаниите кои што завршуваат со јули потребно е да бидат проширени затоа што негативните ефекти од пандемијата предизвикана од Ковид 19 вирусот се очекува тогаш да кулминираат не само во Македонија, туку и насекаде во светот.

„Затоа е потребно сега навремено да се донесе нов втор сет на мерки кои што би биле таканаречен процес на after care, после јули месец 2020 година и на тој начин да го одржиме живот стопанството и на тој начин да ја одржиме жива макроекономската стабилност“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузманоска: СДС остави слаб економски раст, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ носи континуитет

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Борба против криминал е апсење на вработен кој се обидел да земе мито

(ВИДЕО) Кузманоска: Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ја доведе економијата до раст од 4,3 отсто

Мицкоски: СДСМ покажа непознавање за економијата – освен арамилук друго не им е во политичката матрица

А1он

Мицкоски: „Јас ви гарантирам – за три години Македонија ќе биде уште подобро место за живеење“

ВМРО-ДПМНЕ: СДС на Венко Филипче шири лаги и хистерија

Горан Наумовски