Мицкоски по координацијата: Да не се одолговлекува седницата за Уставни измени

Од:

Нема Уставни измени под бугарски диктат. Овој став го повториле на координација со лидерот Христијан Мицкоски пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Мицкоски преку Фејсбук информираше за координацијата, на која според него, едногласно било побарано да не се одолговлекува процедурата за Уставни измени.

„Денес имав редовна координација со пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата. Нема уставни измени под бугарски диктат; Остро сме против законските решенија кои предвидуваат зголемување на давачките, повисоки даночни опфати кои директно влијаат врз зголемување на сиромаштијата. Бараме да не се одолговлекува процедурата и да се злоупотребува позицијата за да се одолговлекува седницата за уставни измени. Ќе се почитува волјата на граѓаните и нивниот интерес да не се потклекне на барањата за правење на компромиси на штета на државните интереси“, напиша Мицкоски на Фејсбук.

СДСМ пак, контра ставовите на ВМРО-ДПМНЕ. Од владејачката партија за А1он претходно изјавија дека не се крши деловникот, бидејќи тој предвидувал 10 дена расправа, а не гласање за Уставни измени.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Нема уставни измени, ако треба ќе чекаме децении како што чекаа политичарите од Бугарија да го применат принципот на Живковизмот

Гаши: Уставот не треба да се отвора ад-хок, ова е сензитивно прашање

Катерина Ѓуровски

Сиљановска – Давкова: Во Македонија околу 80 отсто од граѓаните не сакаат да се менува Уставот

Мицкоски: Владата не размислува за отворање на Уставот

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме