Мицкоски: Не постои закана од мигрантски кампови, опозицијата ја дезинформира јавноста

Од:

Темата со мигранти е непостоечка. Ние неколкупати како власт одговоривме дека не се водени такви разговори и оти ниту на крај памет не ни паѓа такво нешто. Мислам дека е редно обвинителството да се позабави во вакво сеење паника и страв кај граѓаните. Вистината е дека минатата власт изработила национална стратегија за прифаќање мирганти 2017-2027 година. Таа барала од општините да обезбедат услови каде би се граделе тие мигрантски кампови. Таа е вистината, вели премиерот Христијан Мицкоски.

Ние, додава, континуирано одговараме, јас како најповикан – претседател на Влада, МВР, МНРиНТ и уште пред неколку дена кажавме дека не се водени такви разговори.

-Во ред, сега СДСМ одлучиле нивните пи-ар експерти и рекле сега оваа тема ќе ја тераме со недели, а во суштина тие се тие кои изработиле национална стратегија за прифаќање мирганти 2017-2027 и тие се тие кои барале од општините да обезбедат услови каде би се граделе тие мигрантски капови. Таа е вистината. Ние сега сакаме да ја натсинхронизираме таа вистина и да кажеме дека такво нешто на оваа Влада не и паќа на памет, рече Мицкоски во одговор на новинарско прашање по пуштање во употреба на реконструирана полициска станица во Бутел, во врска со резолуцијата што денеска ја најавија од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој истакна дека наскоро ќе дојде феверуари, па март, и ќе нема мигранти, потоа ќе дојде јуни и тогаш ќе нема мигранти и праша каков ќе биде одговорот на тоа од тие пи-ар експерти кои ги учат во СДСМ.

-Затоа велам мора тука и обвинителството да се позанимава со оваа тема затоа што во Кривичниот законик ова е еден вид насилство, создавање паника, немир кај граѓаните. Затоа што ако еднаш, двапати, трипати демантиратме и вие континуирано продолжите со оваа тема имате намера и тенденција да создадете несигурност паника и страв кај граѓаните и мора кривично да одговарате за тоа. Еве ќе дојде март нема да има мигранти прифатени као резултат на договор со Велика Британија или било каков друг договор. Ќе дојде и јуни ќе нема мигранти, ќе нема мигрантски кампови и тогаш под 100 илјади гласови ќе бидат од СДСМ и ќе станат маргинална партија, ако тоа им е целта нека продолжат, рече Мицкоски.

За тоа какви се односите со ЗНАМ премиерот истакна оти се одлични.

-Во рамки на Владата функционираме би рекол стабилно и очекувам така да продолжиме и во иднина, рече Мицкоски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Панче Тошковски ја пушти Михаилова, сè се работи под маса откако ВМРО-ОК е на власт

Предраг Петровиќ

Серафимовска-Борозан: Мицкоски ветува просечна плата од 1.000 евра, но не прифаќа минимална од 600 евра

СДСМ: Граѓаните се соочуваат со економски проблеми, а власта се повикува на анкети

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Антифашизмот е нашиот темел, борбата за слободна и праведна Македонија е наша обврска

А1он

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

(ВИДЕО) СДСМ: Директорка на училиште и нејзин помошник се коцкале во казино за време на екскурзија во Монте Карло