Христијан Мицкоски оствари средба со грчкиот амбасадорот во земјава, Димитрис Јанакакис.
На средбата било разговарано за престојните парламентарни избори, актуелните политички состојби во државата, македонската европерспектива како и за проблемите со кои се соочува државата.
Како клучен проблем со кој се соочува Македонија, лидерот на партијата, Мицкоски го
истакна проблемот со високата корупција.
Тој напомена дека во нашата држава има низа на неразрешени криминални афери во кои се вмешани највисоките структури на власта, неказнивоста на криминалот и корупцијата ја кочи
интеграцијата на Македонија во Европската Унија, посочи Мицкоски.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ потенцираше и дека по победата на 12 април, новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе се фокусира на суштинските реформи, по 12-ти април.
„Република Македонија ќе се најде на брзата трака за членство во Европската Унија“, додаде тој.
Во однос на изборниот процес соговорниците беа согласни дека фер и демократски парламентарни избори се основата на една европска демократија, и дека иднината на државата зависи од овие избори