(ВИДЕО) Мицкоски: Изборите се одлагаат, треба да се воведе кризна, наместо вонредна состојба

Од:

Здравјето на граѓаните ни е над се и затоа едногласно донесовме одлука дека одложувањето на предвремените изборите треба да се слуичи. Дилема беше првата основа како да се реализра, она што беше став на ВМРО-ДПМНЕ е да се почитуваат Уставот и законите, имаше предлог да се свика Собранието, и според некои други поранешни искуства да донесе одлука, но не постои правна основа за повторно свикување на Собранието. Нашиот став е дека е потребно по лидерската средба да се формира експертски тим кој ќе понуди правна основа за одложување на предвремените избори.

Она што ВМРО-ДПМНЕ го побара е различно, дали да имаме кризна состојба или вонредна состојба. Уставот предивдува вонредна, но не и кризна состојба, но вонредна состојба не е регулирана со закон и не се знае кои би биле чекорите. Од друга страна постои Закон за кризи, кога се формира кризен штаб. Можеби треба експертите кои подоцна ќе разговараат да донесат решение, може треба криза на целата територија да се прогласи, а после тоа вонредна состојба.

Остануваме на ставовите дека приоритет е здравјето на граѓаните, предупредувавме за сериозноста еве сега да предупредам за мониторирање на она што ни се случува во државата, да не се случува во 13. 30 часот да каже дека нема нови случаи за после во 22 часот да се каже имаме пет нови случаи.

Би можело да ве интересира

Апасиев нема да оди на лидерска: Ден на жалост заради двојното убиство, не средба за датум за избори

А1он

(ВИДЕО) Рокот за договор помеѓу Владата и ВМРО-ДПМНЕ е до првото гласање за отворање на Уставот

Орце Костов

Започна лидерската средба помеѓу Ковачевски и Мицкоски

Ана Ололовска

Средба на Ковачевски и Мицкоски за уставните измени

Ана Ололовска

Следната недела средба меѓу Ковачевски и Мицкоски

Ана Ололовска

Мицкоски за евентуална лидерска: Премиерот да биде свесен за времето, непоминувањето на измените, ќе значи пад на владата

Ана Ололовска