Мицкоски: Има индиции дека врхушката на МВР соработува со криминални групи

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на престрелката среде најпрометниот трговски центар и коментар на тоа што Спасовски вели дека Скопје е безбеден град, истакна дека Спасовски е министер речиси осум години и срамота е со позицијата со која излегува во јавност но, има индиции дека врхушката на МВР во изминатите шест години соработувала со криминални групи и за тоа ќе бидат формирани работни групи и ќе има одговорност.

„Па човекот ако се земе оној период кога беше во техничката влада во 2016 е речиси осум години министер за внатрешни работи со исклучок на неколку месеци кога беше технички премиер и тогаш ја опструираше работата на тогашниот технички министер за внатрешни работи преку тогашната заменичка сега министерка за одбрана Славјанка Петровска. Срамота е што после осум години тој истиот на очиглед на сите излегува во јавноста со позиција која што е смешна и трагична. Тие што требаше да бидат подземје и тие што требаше да бидат гонети и да одговараат за криминалот се сега над земја. Јас мислам дека овој човек треба да биде сериозно загрижен по промената на владата во Македонија затоа што има многу информации кои што доаѓаат и многу индиции кои што доаѓаат до нас за тесна соработка помеѓу врвот на внатрешни работи со овие криминални групи без разлика дали едната криминална група носи име на едно населено место не далеку од овде или другата криминална група носи име на населено место малку подалеку од овде но повторно во околината на Скопје. И има индиции дека заедно многу озбилно, ортачки работеле во изминативе шест години од како се влада, а малку подолг период од како овој е министер за внатрешни работи. И мислам дека е исплашен, мислам дека е исплашен и загрижен и затоа се обидува сега претпоставувам да се наметне како претседателски кандидат, па сега и таму гледаме како со Пендаровски се натпреваруваат кој повеќе ќе му се додвори на Артан Груби, на Али Ахмети и на овие криминални групи но после изборите овие што треба да бидат подземје ќе треба да бидат озбилно гонети но и овие кои што биле нивни коалициони партнери а дел од врхушката на МВР ќе одговараат, има многу за истрага и многу за одговорност уште од првиот ден кога ќе биде формирана новата влада имаме и формирано тим да бидам попрецизен неколку тимови кои што само со тоа ќе се занимаваат. Кои што само со тоа ќе се занимаваат што се случувало овие 6 години затоа што граѓаните мора да ја знаат вистината, како беа крадени, како беа пљачкани, како беа понижувани изминативе 6 години и без разлика што имаме каубојска измена со злоупотреба на европско знаме на кривичниот законик има многу начини како овие лица да одговараат“ нагласи Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски „не е импресиониран“ од новото раководство на СДСМ

Мицкоски: Очекувам до следната летна или есенска сезона да има нови 100 до 120 електрични автобуси за јавен градски превоз

А1он

Мицкоски: Со банките е договорена каматна стапка од 1,95 проценти за унгарскиот кредит за компаниите

А1он

Арсенал оружје пронајден кај вработен во МВР, обвинителството бара притвор

Катерина Ѓуровски

СДСМ најостро го осудува палењето на возилото на претседателот на ОО Кривогаштани

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Регионалната иницијатива „Отворен Балкан“ е платформа за поврзување на регионот со светот