Мицкоски: Да излеземе на избори, за да не ни бира Собранието претседател

Од:

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски го повика народот масовно да излезе на избори во недели, на 21 април, за да, како што рече не се исполни сценариото на Зоран Заев да се бира претседател во Собранието.

Тој порача дека ваквите сценарија овој пат нема да поминат затоа што народот е свесен и ќе го казни на изборите, а овој негов заговор, може да му го прифатат само неговите неколку слуги.

„Треба да знаат дека тие не се господари на волјата на народот туку треба да бидат слуги на народот. Да излеземе на избори, конечно да го победиме заевизмот. 21-ви април е почеток на крајот. Да се избориме за горда и единствена Македонија, а на власта и порачувам да не се дрзнува да ја фалсификува волја на граѓаните, туку демократски да си го прифати поразот“, порача Мицкоски.

На новинарско прашање дали тој остварил средба со лидерот на ДУИ, Мицкоски беше категоричен дека ваква средба немало и дека неговите политички опоненти шират дезинформации во јавноста, односно дека ги извртуваат неговите зборови од митинзите.

Во однос на „бомбите“ што се објавија, Мицкоски тврди дека нема никакви индикации за тоа кој ги објавил, но прстот го впери во лидерот на СДСМ, Зоран Заев, затоа што како што рече, тој во 2015-та направи реално шоу со „бомбите“ и не е исклучено да стои зад ваквото сценарио.

Габриела Димковиќ-Мишевска

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Ана Брнабиќ се обрати до ЕУ поради студентски предизборен спот: „На Вучиќ му се закануваат со силување“

Мерц по поразот: „Повеќе немаме задоволителни одговори на премногу прашања“

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

Илјадници луѓе ширум Србија чекаат во ред да ја поддржат листата „Александар Вучиќ – Обединета Србија“