А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: Ана Василевска
Македонија

Мицкоски: Анонимен професионалец да биде министер за внатрешни работи

by Ана Василевска28/12/2019 - 17:0928/12/2019 - 18:44972
Share0

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната средба со лидерот на ДУИ, Али Ахмети предложил анонимен професионалец да биде министер за внатрешни работи во техничката влада.

Добивај вести на вибер

Според Ахмети, тоа е во ред, бидејќи му верува на Мицкоски.

– Го запознавме раководството на ДУИ како втора најголема партија што е дел од Владата со нашиот предлог. Очекувам дека ќе имам исто така успешна средба и со премиерот во заминување и веднаш после таа средба ќе можеме да го соопштиме името и јавноста ќе знае малку повеќе и за предлогот и за неговиот профил. Станува збор за професионално решение, изјави Мицкоски.

„Прифатливо е да има еден од техничките министри од албанската опозиција“, рече Ахемти.

Во врска со ставот на ДУИ за промена на Изборниот законик, Ахмети повтори дека тоа пред избори е невозможно, затоа што се десетици партии што имаат десетици различни мислења и засега нема амбиент да се говори за промена на Изборниот законик.

– По завршувањето на изборите може да дебатираме и да дојдеме до најдоброто решение. Јас не велам кое би било подоброто решение сега, дали една или 80 или осум или шест избирачки зони. Јас сметам дека во непристојно време е отворена оваа тема затоа што нема да успееме да се усогласиме и да ги унифицираме ставовите од 20 и повеќе партии коишто се во земјава сите имаат посебни ставови, оцени Ахмети.

По оваа средба, Мицкоски во Владата ќе има средба со премиерот Зоран Заев.

Заев Заев синоќа, по Централниот и Извршниот одбор на СДСМ, истакна дека тој на денешната средба со Мицкоски ќе го отвори прашањето за измени на Изборниот законик со воведување на една изборна единица, доколку лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ сака за тоа да разоговара.

На лидерската средба кај претседателот Стево Пендаровски, беше договорено на 12 април да се одржат предвремени парламентрани избори.

Согласно процедурата, на 90 дена пред изборите треба да се формира техничката влада или во случајов тоа треба да се случи на 3 јануари.

dpmneduiizbori 2020tehnicka vlada

Би можело да ве интересира

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Катерина Ѓуровски29/03/2026 - 12:08

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Катерина Ѓуровски21/03/2026 - 13:11

Алија: Пад на индустриското производство од дури 9,4 проценти

Горан Наумовски19/03/2026 - 16:05

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Катерина Ѓуровски18/03/2026 - 11:12

ДУИ: Владата да го разреши министерот за економија поради слаб одговор на кризата

Горан Наумовски17/03/2026 - 16:35

ДУИ: Владин дебакл – 30% зголемување на цената на нафтата

Катерина Ѓуровски17/03/2026 - 11:49
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто