(ВИДЕО) Мицевски: Лидерска средба за договор за СЈО

Од:

Координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието, Никола Мицевски, рече дека неговата партија најпрво треба да ја види содржината на законот за СЈО за да може да изнесе конкретен став.

Како што кажа тој, законот се уште не е поставен на веб-страницата на национален електронски регистар на прописи.

„Знаете дека законот е донесен со политички чин, консензуално и затоа сметам дека дополнително кога се носи ваков закон треба да има разговори со сите политички лидери. Ние не сме против правото и правдата, но сме против селективна правда. На овој начин можеме да заклучиме дека Владата само сака да се ослободи од законот и да ја префрли топката кај противниците“, истакна координаторот на пратеничката група на опозициската партија.

Како што посочи тој, ВМРО-ДПМНЕ смета дека има многу теми за разговор и поради тоа е потребна лидерска средба.

„Се уште немаме одговор во однос на нашето барање, Јавниот обвинител да се избира по предлог на опозицијата. Немаме договорени детали ниту за останатите реформски закони“, посочи Мицевски и подвлече дека ова се прашања за кои треба да се преговара и да се донесе заедничко решение.

Габриела Д. Мишевска

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ