„МИА се претвори во ПР служба на владата“ – ги укинува дописниците од светот, ќе зема државни пари само за работа во Македонија?

Од:

Од 1 јануари дописништвата на МИА во Брисел, Вашингтон, Атина се ставаат во мирување на неопределено време, поради „недостиг на финансиски средства“, се вели во образложението од одлуката која ја донел Управниот одбор на МИА на седницата одржана на 19 декември.

Надзорниот одбор на МИА, донел одлука и му препорачал на УО на државната новинска агенција четворица дописници  во странство, да се вратат на работа во редакцијата во Скопје. А има и најава има дека нема да се продолжат договорите за соработка и на дописниците од другите европски градови.

Со ова се поставува прашањето дали владата и понатаму ќе и дава пари на МИА но да известува само за нивните активности и активностите во Македонија, а граѓаните да се во мрак што нашата Влада прави во светот, кој позиции ги застапува. За ова реагираше и Синдикатот на новинари.

„Потенцираме дека особено е важно македонските граѓани да бидат објективно и навремено информирани директно од новинари кои се на местото на случување, особено за процеси како што се на пример пристапувањето кон Европската Унија, како во Брисел, така и во другите главни градови на земјите членки на ЕУ.“ велат од Синдикатот на новинари и медиумски работници.

Со реакција на социјалните мрежи се јави и дописничката од Брисел Тања Милеска која ја обвини МИА дека се претворила во ПР служба на владата и најави отказ.

“ Фала за навремената и релевантна реакција на ССНМ. Меѓутоа една работа треба да е јасна, а тоа е дека од Брисел веќе со месеци не ми е дозволено да работам професионално. Така што со големо задоволство заминувам од работно место кое е целосно претворено во ПР служба на владата.“ се вели во статусот на Милевска

Не смее да биде дозволено државна новинска агенција како што е МИА да нема свои дописници во едни од најважните главни градови во светот, особено во овој период на комплицирани и предизвикувачки меѓународни односи во светот, сметаат и од Синдикатот на новинари.

Владата, како основач на МИА и контролор на нејзината работа, треба да води особена грижа за присутноста на државната новинска агенција во важните светски центри.

Инаку МИА има четворица известувачи од странство Брисел, Атина, Берлин, Лондон, Стразбур.

МИА, во последниве  10 години го зголемила  бројот на вработените, од  триесетина, со колку што работеше до 2006, на 70-сетина, колку што  во моментов се редовно вработени. Како и околу 30 хонорарни соработници, од кои 12 се дописници од градови во Македонија.

Би можело да ве интересира

ССНМ го осуди нападот врз новинарската екипа на М Нет

Ана Ололовска

Владиката Петар отвора телевизија, ќе емитува квизови, вести и спорт во следните девет години

Орце Костов

(ВИДЕО) Новинарите со марш од Влада до Собрание: Стоп за понижувањата од политичарите

Горан Наумовски

Откази во американски медиуми поради лоша економска состојба

Горан Наумовски

Законот за поткуп на медиумите денес дел од скринингот, ЕУ предупредува дека за измените се потребни консултации со новинарските здруженија

Маја Илиевска-Пачемска

Озаконувањето корупција во медиумите денес пред пратениците, ќе се разгледуваат измени на Законот за медиумските услуги, кој се носи во скратена постапка

Маја Илиевска-Пачемска