МИА бележи 15 години од емитувањето на првата вест

Од:

„Едно лице почина, 17 се повредени во земјотресот во Србија“ е насловот на првата вест што Македонската информативна агенција (МИА) ја емитуваше на 30 септември 1998 година, со што почна редовната продукција на информации до корисниците.

МИА е јавен информативен сервис, основан од Собранието на Република Македонија во февруари 1992 година.

МИА ангажира педесеттина новинари за вести и новинари-репортери во редакцијата и триесетина новинари-дописници од Македонија и од странство.

МИА има дневна продукција од 300 до 350 вести и други прес информации на македонски, на англиски и на албански јазик и развиена дописничка мрежа во земјава и во светот.
МИА произведува и специјални тематски потсервиси и дневни и неделни билтени. МИА, исто така, продуцира Фото-сервис и Фоно-сервис што се достапни преку веб-страницата на Агенцијата – www.mia.mk

Корисници на МИА се електронските и печатените медиуми во земјава, македонските амбасади во странство, странски дипломатски и други претставништва и мисии во Македонија, како и медиуми на наши иселеници во странство.

МИА е членка и на Светскиот конгрес на новински агенции – НАЊЦ и на АБНА – Асоцијацијата на новинските агенции на земјите од Југоисточна Европа и на Црноморската асоцијација на национални новински агенции – БСАННА.

МИА исто така е и дел на информативните пулови на: РОМПРЕС (Романија), БТА (Бугарија), АТА (Албанија), ТАНЈУГ (Србија), МИНА (Црна Гора), ФЕНА и СРНА (БиХ), СТА (Словенија), ХИНА (Хрватска), АНА-МПА (Грција), АНАДОЛИЈА (Турција), АПА (Австрија), ЕФЕ (Шпанија), УКРИНФОРМ (Украина)…

МИА соработува и со големите новински агенции – француската ФРАНС ПРЕС, кинеската ХСИНХУА, иранската ИРНА, британскиот јавен сервис Би-Би-Си, германската ДПА, руската ИТАР-ТАСС, а сервисите на МИА ги користат и светските информативни сервиси ДОЈЧЕ ВЕЛЕ, СЛОБОДНА ЕВРОПА, ГЛАСОТ НА АМЕРИКА…

Во текот на минатите 15 години, МИА како најпедантен хроничар на македонските, регионалните и светските случувања и собитија формира обилна сопствена база на податоци, информации, фоно и фото записи.

Би можело да ве интересира

Во медиумите во Македонија работат 2.100 луѓе, 20% од редовно вработените се во онлајн медиуми

Орце Костов

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

Главна цел на измените на Законот за медиуми треба да биде законската регулација на интернет порталите

Ковачевски: Им се извинувам на медиумите, не сакам да се им се случи она што се случуваше до 2016

Орце Костов

ЗНМ со поддршка кон колешката од МИА Ангела Рајчевска

Новинарка на МИА вербално нападната од обвинетиот Горан Дуковски во случајот „Ласкарци“