„Загрижен сум за ситуацијата во Македонија. Тоа што можам да го истакнам во овој момент е дека состојбата во државата е доведена во висок ризик и опасност со што ќе влијае врз безбедноста и стабилноста на Македонија“.
Ова го изјави медијаторот во грчко-македонскиот спор за името Метју Нимиц за Програмата Гласот на народот на Радио Слободна Македонија.
Нимиц се надева дека ваквата состојба ќе биде решена и надмината по мирен и демократски пат во рамките на Уставот на Република Македонија.
„Не би можел да дадам други оценки, бидејќи сум фокусиран исклучиво за прашањето околу името, но уште еднаш ќе ја изразам мојата голема загриженост за мирот и стабилноста во Македонија. Се надевам дека политичарите и народот ќе се справат со сите проблеми кои се појавија во државата“, истакнува Метју Нимиц за Програмата Гласот на народот.