Мемети: Се зголемува бројот на граѓани кои бараат заштита од Народниот правобранител

Од:

Народниот правобранител Иџет Мемети во Неделното интервју на Радио Слободна Европа изјави дека продолжува трендот на зголемување на бројот на граѓаните кои бараат заштита од институцијата Народен правобранител.

– Ако во 2011 година сме имале околу 1.000 случаи на повреда на човековите слободи и права, каде што сме констатирале повреда и сме интервенирале, а од нив над 85 отсто од препораките беа прифатени, минатата година е констатирано околу 1.345 повреди на човековите слободи и права по разни основи, изјави Мемети, додавајќи дека тоа е доказ оти во Република Македонија сè уште е голем бројот на  повреди на човековите слободи и права, или неможноста за остварување на нивните права.

На скала од еден до пет, тој со тројка би ја оценил  состојбата на човековите права во Македонија.

–  Значи, може да кажеме дека сè уште не задоволува ни правната регулатива, ни професионалноста на институциите, без разлика дали тие ги спроведуваат законите или водат борба за заштита. Мора таргетот или фокусот на подобрување на состојбите да го насочиме кон тоа што значи дијалог, кон тоа што значи толеранција, само на таков начин може да одиме напред, посочува омбудсманот.

– Секогаш кога се случуваат избори во Република Македонија, граѓаните се жалат на тоа дека им се прекршуваат одредени права, заради тоа што припаѓаат на друга политичка опција или имаат друго политичко убедување, особено во делот на права од работен однос. И во извештајот за 2011, во делот за дискриминација, најмногу претставки беа за политичка дискриминација и таа, верувајте, е најсурова изјави народниот правобранител Иџет Мемети во интервјуто за Радио Слободна Европа.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Интервју со Огненовски: Треба да имаме доживотни и смртни казни за сите што ја пљачкаат Македонија, да се конфискува се што е нелегално стекнато од 1991 година наваму

Народен правобранител: Пријавете повреда на избирачкото право на бесплатната телефонска линија 0800 54321

Владата бара решение за оние кои платиле за нови возачки и сообраќајни

А1он

Зибери: Собранието не избра заменици, а Владата не обезбеди соодветни просторни услови за Народниот правобранител

Усвоена Развојната секторска стратегија за правосудството 2024 – 2028 година

А1он

Народен правобранител одбележа 25 години од основањето на институцијата