Меџити за излегувањето на Тачи од Европски фронт: Тие не се споија идеолошки, туку за да опстанат на политичката сцена

Од:

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, кој е дел од коалицијата Влен, коментирајќи го излегувањето на Мендух Тачи од Европскиот фронт предводен од ДУИ, рече дека партиите во овој фронт не се споиле иделошки, туку за да опстанат на политичка сцена.

Во изјава за медиумите дадена денеска во Арачиново, Меџити рече дека нема информација дека се преговара со Тачи за негово преминување во ВРЕДИ.

– Јас лично немам такви преговори. Како што и најавив пред некој месец, тие не се споија идеолошки или за повисоки цели, туку како да опстанат на политичката сцена, изјави Меџити.

Прашан дали планираат да преговарат со пратници од ДУИ за да преминат на страната на ВРЕДИ, Меџити најави дека во наредниот период ќе има повеќе информации за тоа.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Во понеделник ќе поскапат дериватите, итно да дејствуваат институциите

ДУИ: Албанскиот јазик и правата на Албанците не се прашања што можат да се преговараат

ДУИ: Владата да дејствува, од понеделник ново поскапување на нафтата

Арбен Таравари поднесе тужба за клевета против Изет Меџити

Горан Наумовски

ДУИ бара независна и непристрасна постапка за случајот со Артан Груби

ДУИ обвинува за директен атак на правосудниот систем

А1он