Меџити за интерпелацијата од ДУИ: Сè уште прават тенденции за дестабилизација само да се спасат од правдата

Од:

Министерот за животна средина и просторно планирање Изет Меџити за интерпелацијата поднесена од Демократската унија за интеграција (ДУИ) коментираше дека тоа е демократски чекор што опозициската партија го користи само за партиска корист и спротивно на државните интереси.

– Интерпелацијата е демократски механизам и ние поддржуваме такви демократски методи, но за жал, тоа е покренето од една не демократска партија која веќе се соочува со големи проблеми и од бројот на тие што се на црната листа преовладуваат токму во овие структури и место да се засрамат и како да ги направат реформите да излезат од ова тешка ситуација, тие напротив сè уште прават тенденции за дестабилизација и магла само да се спасат од правдата, изјави Изет Меџити од Тетово.

Тој оцени дека Владата е посветена на зајакнување на децентрализацијата како дел од спроведување на Рамковниот договор.

– И тоа го покажуваме и докажуваме секој ден, како и денес во Тетово, со ваква поддршка што не било во минатото. Економски развој, иста така, борба против корупцијата, каде што веќе се видливи резултатите и мислам дека ова беше болката на нив. Не мислеа на граѓаните, туку мислеа како да се спасат од кривичните дела за коишто треба да одговараат, но сакам утре да ги слушаме, но мислам дека денес е ставен печатот и од нивниот довчерашен партнер, Социјалдемократскиот сојуз, што се огради и кажа дека главата на корупција е Демократската унија за интеграција, истакна Меџити.

Вицепремиерот и министер за животна средина, Изет Меџити денеска во просториите на Општина Тетово имаше состанок со градоначалникот Биљал Касами, а потоа заедно беа на увид во тековните градежни активности на булевар „Видое Смилевски Бато“.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Дали возилото на заменик-директорот на Царина беше веднаш зад возилото на уапсениот за примање поткуп од 17.500 евра?

А1он

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

ДУИ: 17.500 евра не можат да завршат кај заменик-директорот – да се истражи целиот синџир до Даути, Касами и Меџити

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди она што го кажав за договорите за избори меѓу ВМРО и ДУИ

ДУИ: Касами го заборава албанското знаме, наместо него, во центарот на Тетово знамето на Вергина

Горан Наумовски

Ахмети: Европска Македонија се гради со еднаквост, а не со намалување на нечии права

Горан Наумовски