Меџити: Рамковниот е договор како ќе функционира државата, „а не договор како ќе опстои постојано на власт една политичка партија“.

Од:

Одвоеното прославување на Рамковниот договор од страна на ДУИ е партиска прослава, смета првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, коментирајќи ја „паралелната прослава“ на ДУИ за годишнината од Рамковниот договор што се одржува напладне денеска, пред закажаната свечена седница на Владата по овој повод.

Според Меџити, Рамковниот бил договор како ќе функционира државата, „а не договор како ќе опстои постојано на власт една политичка партија“.

Прашан за коментар по панел-дискусија посветена на 23 години од Охридскиот рамковен договор, Меџити оцени дека за ДУИ било карактеристично кога биле на власт „да го девалвираат Рамковниот договор со концерти и организирање надвор од институциите“.

-И овојпат кога институционално се прославува годишнината на Рамковниот договор, тие повторно го прават истото, значи прават партиска прослава. Ништо различно, како и секогаш ДУИ е надвор од нормалните текови, од институционалните текови, додаде Меџити.

На прашање во врска со најави за можна дестабилизација од страна на партијата на Али Ахмети, Меџити одговори дека тие немаат „кауза за демонстрации и протести“ и оти не можат да се навикнат да бидат опозиција по 20 години на власт.

-Точно е дека има муабети и кога седнуваат сакаат да рушат, потребна им е магла оти после 20 години се опозиција и не можат да се соочат со реалноста. Но, тоа не значи дека имаат кауза за демонстрации и протести бидејќи не може да биде кауза на Албанците „Соравија“ и такви коруптивни зделки, рече Меџити чија партија Демократско движење е дел од коалицијата „Вреди“ која учествува во владината коалиција.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Тендер од 42 илјади евра кај братучедот на директорот на „Бардовци“

ВРЕДИ: ДУИ две децении беше на власт, а нема абер од законите

ВЛЕН: ДУИ ја има изгубено битката со Албанците, изборите ќе го запечатат нивниот крај!

Горан Наумовски

ДУИ го прозва ВЛЕН: Ако имате легитимитет, прифатете предвремени избори

ДУИ му одговори на Мицкоски: „Бараме предвремени избори“

Катерина Ѓуровски

ВЛЕН: Нови пресметки во ДУИ, Ахмети, Груби и Османи повторно во центарот на внатрепартиските судири

Горан Наумовски