Медицинскиот отпад е зголемен за 40 отсто во време на епидемија со Ковид-19

Од:

Дневната количина на медицински отпад кој се доставува за согорување во печката на скопската депонија Дрисла е 5 тони или поточно 4.572 килограми што е повеќе за 40 отсто во истиов месец лани од количината која пристигнувала пред појава на епидемијата со Ковид-19.

Најмногу отпад пристигнува од Инфективната клиника и болниците претворени во Ковид центри, а според директорот на Дрисла, Коста Начевски намален е отпадот од другите клиники каде што се примаат намален број на пациенти. Капацитетот на печката за согорување на овој вид опасен отпад е 5 тони.

„Пред појавата на состојбата со пандемија односно минатата година овој период, примената количина на медицински отпад беше во просек 3.231 килограми на ден. Треба да се напомене дека од некои болници е намалена количината на медицински отпад поради намален број на пациенти кои се примаат, но е зголемена количината на медицински отпад од Инфективната болница и болниците кои се претворени во Ковид центри, вели Начевски за А1 он.

Последен сервис на печката која има вграден филтер е направен пред повеќе од две години и таа сега според директорот е во исправна состојба.

„Печката за согорување на медицински отпад е во истата состојба во каква ја затекнавме од претходното раководство односно во исправна состојба со вграден филтер и направен сервис на печката пред повеќе од 2 години. Печката работи секојдневно и ги задоволува потребните капацитети за согорување на дневно примениот медицински отпад, лекови со поминат рок и др.опасен и неопасен отпад“, тврди Начевски.

Според него медицинскиот отпад кој е примен и се согорува истиот ден се истоварува во кругот на печката за медицински отпад спакуван соодветно во кутии и вреќи за медицински отпад и чека за согорување во текот на денот, а медицинскиот отпад кој ќе се согорува наредните два до три дена привремено се складира во ладилник за одржување на соодветна температура на отпадот и тој е сместен исто така во кругот на печката која е оградена и до која е возможен пристап само на лица кои се соодветна заштитна опрема и се директно ангажирани за истовар и согорување на отпадот.

Што се однесува до транспортот на отпадот за кој минатата година беа објавени фотографии за несоодветно пакување и транспортирање од дворот на Клинички центар, директорот тврди дека сега ЈП депонија Дрисла го собира и транспортира медицинскиот отпад спакуван во кутии по 5 кг од 888 Приватни здравствени установи, а медицинскиот отпад спакуван во вреќи од 27 Јавни и Приватни здравствени установи.

„Со возило на странката на депонијата Дрисла се прима и согорува медицински отпад од 2 Приватни фирми кои поседуваат дозвола за собирање и транспортирање на медицински отпад од Јавни и Приватни здравствени установи. На депонијата Дрисла се прима и согорува и фармацевтски отпад односно лекови со поминат рок од повеќе институции како што се: Плива, Алкалоид, Македонија Лек, Др.Пановски, Крка Фарма, Еуро Фарм, Европа Лек и др“, вели тој.

Во февруари во 2019 година повеќе од 200 тони медицински отпад чекаа ред за горење на депонијата „Дрисла“ бидејќи печката за медицински отпад беше во дефект. Тогаш поради дефект на филтерот, од депонијата известија дека печката престанала со работа на 19 јануари, а секојдневно пристигнувале во просек по 10 тони медицински отпад.

Филтерот на печката за согорување медицински отпад беше поставен во април пред две години откако Министерството за животна средина ја казни депонијата со 8.500 евра поради непочитување на протоколите за горење медицински отпад и и наложи да постави филтер.

Би можело да ве интересира

Реакција на Општина Ѓорче Петров: Арсовска да не раскажува ловечки приказни, нека сработи нешто

Арсовска: Вработен во Ѓорче Петров имал дива депонија, општината била клиент, следуваат кривични пријави

Александар Тодески

Засадени 50.000 дрвја во Велешко, за две години 90.000 со акцијата за пошумување „Сончева Гора“

Откриен опасен отпад во близина на скопското село Орман

(ВИДЕО) „Луѓето се исплашени, чадот е страшен, можно е да е канцероген“: Гори депонијата Дрисла

Орце Костов

ЈП Дрисла: Градоначалниците на Кисела Вода и на Аеродром немаат договор со депонијата, каде го фрлале сметот досега?

Орце Костов