Општина Кисела Вода во соработка со Црвениот крст-Кисела Вода и годинава го реализира проектот за помош на граѓаните од високите температури. Медицински тим од Црвениот крст – Кисела Вода е на терен и на граѓаните кои се надвор од своите домови им дистрибуира вода за пиење.
Волонтерите на Црвениот крст по потреба, со сопствени возила, вршат транспорт на стари лица до нивните домови. Граѓаните можат да побараат и медицински совети од лекар на телефонскиот број 071/216- 823.
Оваа активност, како што соопшти општина Кисела Вода, која почна на почетокот на јули ќе продолжи да се одвива се до крајот на август и ќе се реализира при постоење на високи температури. Во рамки на проектот „Топлотен бран – Заштита и превенција на здравјето на граѓаните од високи температури во летниот период“ оваа активност се реализраше и минатите години како дел од програмата на Секторот за месна самоуправа и социјална заштита при општина Кисела Вода.
– Проектот, во кој локалната самоуправа кофинансира, има за цел да ја промовира позитивната свест кај граѓаните на општина Кисела Вода за превенција од последиците од високите температури и современиот начин на живеење, информира општина Кисела Вода.