Маж и две жени загинаа при превртувањето на македонскиот автобус близу Лесковец

Од:

Маж и две жени загинаа во сообраќајната несреќа близу Лесковац во која се преврте автобус со македонски регистерски таблички, јавија српски медиуми. Во тек е идентификација на жртвите.

Четири патници се со повреди опасни по живот, и префрлени се во Клиничкиот центар во Ниш додека останатите се задржани во болницата во Лесковац.

Возачот и совозачот не се повредени, но не смеат да даваат изјави за медиуми. Тројца од патниците со тешки повреди се на интензивна нега во одделот Хирургија болницата во Лесковац додека еден е на Ортопедија. Останатите патници, 23, се со полесни повреди, а вкупно се повредени 32 лица.

Би можело да ве интересира

Додик: Врските меѓу Србија и Српска нема да бидат прекинати од оние кои сакаат Србите да се откажат од сопствениот народ

Вртоглавиот подем и пад на Марко Кричак – началникот на криминалистичката полиција кој утрово беше уапсен

Уапсен е Марко Кричак, еден од најмоќните луѓе во српската полиција

(ВИДЕО) Во сообраќајка загина 30 годишна жена, тројца се тешко повредени

А1он

(ВИДЕО) Вучиќ: Никогаш нема да се откажам од борбата против најлошите – блокадерите!

А1он

Закани за поставени бомби во неколку судови во Белград, Нови Сад и Ниш