А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Матуранти од Битола не влегоа на тестирање

by А1он26/01/2015 - 11:49243
Share0

Само пет минути пред почетокот на екстерното тестирање, закажано за 9.30 часот, матурантите од средното техничко училиште „Ѓорги Наумов“ во Битола си заминаа дома. Учениците чии професори во целост петти ден штрајкуваат, велат дека ги поддржуваат нивните барања, објави Мета.

Следете a1on на Instagram Instagram

Ваквата атмосфера ги крена на нозе надлежните во Битола, кои веднаш отишле во училиштето да зборуваат со матурантите да се вратат на тестирање за да не ги сносат последиците од нивната одлука.

-Ние бевме подготвени за тестирање, но децата кои дојдоа не влегоа, нека се подзамислат малку оние кои се одлични по успех, зошто ова значи за нив негативна оценка. Ние и утре ќе ги чекаме на тестирање – вели директорот на училиштето, Драган Стојановиќ.

Во средното техничко училиште професорите цврсто стојат на ставот дека штрајкот треба да продолжи сè додека не се исполнат нивните барања.

Следете a1on на Youtube YouTube

– Екстерното мора да се укине – велат тие.

Од канцеларијата на СОНК во Битола велат дека денеска на штрајкот им се приклучиле и дел од училиштата кои минатата недела не се одлучиле на ваков чекор.

– Сè поголем е бројот на наставици кои се приклучуваат на штрајкот. И во оние училишта каде имаше притисоци од претпоставените да не се штрајкува и тие од денеска стапија во штрајк. Повеќе од 40 наставници од ОУ „Даме Груев“ денеска се со нас, а подрршка имаме и од учениците, матуранти кои не отидоа на тестирање – вели Фанче Јошевска, претседателка на СОНК во Битола.

bitolaeksterno

Би можело да ве интересира

Силувано е 12 годишно девојче во Битола – ОЈО води истрага за 36 годишник

А1он13/06/2026 - 12:4013/06/2026 - 13:05

Безживотно тело на битолчанец извлечено од реката Драгор

Горан Наумовски09/06/2026 - 14:57

Поплавени улици во Битола по обилниот дожд во градот

Предраг Петровиќ08/06/2026 - 21:12

Обвинителството започна истрага за грозоморното убиство во Битола

Горан Наумовски14/05/2026 - 21:16

Убиство во битолската населба Баир, жртвата е млада жена

Катерина Ѓуровски14/05/2026 - 10:2114/05/2026 - 10:56

Поради свлечиште затворена обиколницата околу Битола, сообраќајот се пренасочува преку градот

Катерина Ѓуровски27/02/2026 - 08:38
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто