Матичните доктори кои не можеа да дискутираат за лекот Ивермектин, ќе гледаат снимка

Од:

Лекарската комора без одговор зошто не им беше овозможен еднаков пристап на сите матични лекари во дискусијата за лекот Ивермектин со докторот Дејан Докиќ. На онлјан дискусијата можеше да има максимум сто учесници, од 1600 матични доктори. Од Лекарската комора велат дека матичните ќе можат да ја проследат снимката, што пак, не остава простор да дискутираат за лекот. Оттаму, најавуваат дека наредниот пат, ќе биде организирана средба за поголем број учесници.

„Лекарската комора на Република Северна Македонија изминатиов период организираше онлајн средби и дискусии, наменети исклучиво само за лекари. Досега матичните лекари имаа можност да присуствуваат на повеќе вакви онлајн средби, а досегашната пракса покажа дека бројот на слушатели е согласно интересот на докторите. Снимката од денешната дискусија, како и снимките од сите досегашни онлајн настани, сите заитересирани доктори без оглед на специјалноста,  можат да ја проследат на порталот за лекари, во просторот каде што се поставуваат вебинарите“, велат од Лекарската комора за „А1он“.

Од Лекарската комора, не одговорија колку доктори ја следеле дискусијата. Инаку, повеќе од илјада матични лекари вчера не можеа да дискутираат за Ивермектин, бидејќи програмот дозволувал да бидат вклучени само сто корисници. Дискусијата беше закажана пред три дена, а по пуштањето на лекот во продажба и бурните реакции на матичните дека многу прашања за дозирањето и употребата не се одговорени.

Лекарската комора пред два дена испрати „Мислење за употреба на Ивермектин кај пациенти со Ковид-19“, за кое дел од докторите и јавно реагираа дека не е официјален документ по кој тие можат да се водат.

Хаосот со лекот настана уште првиот ден, откако Филипче објави дека е пуштен во продажба, матичните останаа без упатство, а пациентите молеа за рецепти.

Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари упати жестоки критики и сметаат дека приказната за лекот е смислена само за јавноста да има што да се занимава, а единственото решение за коронавирусот е само вакцинацијата.

Би можело да ве интересира

Ивермектинот не е лек за Ковид – 19, Комисијата за заразни болести објави нови препораки за лекување

Маја Илиевска-Пачемска

Влада: Решенијата за изолација ќе бидат испорачани до граѓаните преку веб платформа со целосна заштита на личните податоци

А1он

Нови препораки за патување во земјите од ЕУ во текот на пандемијата

А1он

Шахпаска – Донев: Економските мерки за справување со последиците од Ковид 19 дадоа позитивни резултати и во двете земји

А1он

Кунгуловски: Омикрон-сојот може да се открие со ПЦР, сѐ уште не е детектиран кај нас

Маја Илиевска-Пачемска

Грчката апликација за проверка на Ковид документите не ги препознава сертификатите на трети земји, но тие се валидни и признати во Грција

Ана Ололовска