Ивермектинот не е лек за Ковид – 19, Комисијата за заразни болести објави нови препораки за лекување

Од:

Од денес на сајтот на Министерството за здравство, првпат од почетокот на пандемијата, се објавени препораки за лекување пациенти заразени со Ковид 19.

Претседателот на Комисијата за заразни болести Александар Петличковски објасни дека на четириесетина страници дадени се најновите препораки за лекување кои се пред се наменети за лекарите кои ќе можат од едно место да црпат релевантни податоци за лекувањето на пациентите.

„Целта е да не се доведуваме во ситуација некој лекар да советува терапија која не е препорачана. Тука во прв ред мислам на ивермектин. Прашање и денес е дали овој лек е присутен во некоја препорака или не е. Во овие препораки нема научни докази дека тој помага во лекување на Ковид – 19. Ова се сеопфатни материјали направени според се последните научни сознанија. Почнуваат со класифицирање на стадиумот на болеста и за секоја посебна категорија, за секоја посебна фаза на болеста има соодветни препораки, исто како и за тестирање и за лекување и за тоа кога е момент да се хоспитализира пациент, која терапија да ја добие. Препораките се однесуваат и на асимптоматски пациенти и на овие со лесна клиничка слика и со средно – тешка и хоспитализирани со тешка и критична клиничка слика, сите нивоа се опфатени“, објасни претседателот на Комисијата, Петличковски.

Се работи за препораки, не за протоколи, оти за да станат протоколи Петличковски рече дека треба да поминат одредена процедура во уште неколку комисии. Препораките не се обврзувачки.

Од денес се достапни не само на лекарите туку и на сите заинтересирани. На забелешката дека сега пациентите ќе можат да почнат сами да се лекуваат и да споредуваат дали добиле соодветна терапија па дури да побараат одгворност доколку не ја добиле пропишаната терапија во препораките, Петличковски одговори дека намената првенствено им е за лекарите.

„Ние може да нагласиме дека препораките се кон лекарите, не кон општата популација. Не можете да забраните некому, но наше е да ги упатиме лекарите каде да најдат најсоодветни препораки. Луѓето и сега читаат се и сами се лекуваат“, рече Петличковски.

Објасни дека препораките се направени врз основа на научните сознанија и досегашните искуства во светот. И оваа верзија, која била четврта или петта верзија на препораките кои се користеле во минатото, ќе трпи промени и ќе се менува со менувањето на научните сознанија. Одлучиле препораките да ги објават на сајтот на Министерството за здравство оти препоракити имало и претходно, но проблеми имало со нивната дистрибуција. Со објавата, сигурни се дека ќе стигнат до сите лекари и дека ќе допринесат за поусогласен пристап до пациентите.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Најзаразниот сој досега, „кракен“, не е откриен кај нас, но последната анализа е направена на 5 декември

Осум починати, 196 нови случаи на Ковид-19 минатата недела

Ана Ололовска