Масовно труење на кучиња во Струмица

Од:

Oтруени се повеќе од 20 кучиња на подрачјето на Струмица во изминативе 24 часа.

Покрај улични кучиња, имало и три домашни миленици за кои сопственикот веќе поднел барање до полицијата да се започне истрага, но ги известил и општинската комунална инспекција, објави струмичката телевизија Вис.

Утрово, се вели во прилогот на телевизијата, каде што биле пронајдени убиените кучиња се ширела непријатна миризба.

Сведоците за телевизијата велат и дека покрај кучињата имало и дваесетина мртви птици кои најверојатно јаделе јадење кое било затруено.

Би можело да ве интересира

Утре во „Матично“ трибина на Либералниот Институт за законски измени за заштита и посигурна иднина на животните

На дива депонија во Лисиче фрлени одрани животни

A1on

32-годишен кавадарчанец мачел животни, заработи кривична од ОЈО

ВИДЕО: Возач во Виница влече врзано куче, во Штип човек со пушка стрела мачки

A1on

(ВИДЕО) Млад скопјанец удира од земја и повредува мачка – Изживување врз животни во Лисиче

A1on

Илјадници мртви фоки на дагестанскиот брег на Каспиското Езеро

Ана Ололовска