Масовна тепачка во Кочани, се пресметувале жртви на кражби и наводни крадци

Од:

Вчера во 20.40 часот во Полициската станица Кочани, М.И.(43) од градот пријавила дека на местото наречено „Трајаново трло“ во Кочани, пред нејзината куќа, поголема група на граѓани физички ги нападнале нејзините роднини и соседи.

„Од страна на полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Кочани известен е Јавен обвинител и извршен е увид на местото на настанот. По добиени насоки од Јавен обвинител се преземаат мерки за идентификација и повикување на разговор на сите учесници во настанот,“ се вели во полициското соопштение.

Според неофицијални информации, групата дошла со десетина возила, за да се пресметаат со семејството на малолетен крадец кој претходно бил фатен на дело како краде во куќа во градот. По вчерашниот инцидент, тројца повредени побарале лекарска помош во кочанската болница.

Се работи на целосно комплетирање и документирање на случајот по што против учесниците во физичката пресметка ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од полицијата.

Би можело да ве интересира

Измамени две стари лица за лажни сообраќајки и лажно претставување како лекари на подрачјето на Штип во последните 24 часа

МВР: Ќе се формира национален комитет за заштита на новинарите, нивната безбедност е врвен приоритет

Граѓанците да ги ажурираат податоците за „Безбеден град“, повика МВР

Тешко повредени тројца пешаци во три сообраќајни несреќи

Сведоштва за пожарот и последиците во „Пулс“, судењето продолжува на 2 февруари

Стопанска комора: Потребни се решенија, не блокади на граничните премини