Масовна тепачка по фудбалски натпревар во Камењане

Од:

Тепачка во која учествувале повеќе лица се случила вчера попладне по фудбалскиот натпревар од трета македонска лига меѓу екипите ФК „Камењане“ од Камењане и ФК„Дрита“ од с.Боговиње.

МВР индормира дека по завршување на натпреварот, комесарот на ФК „Камењане“ Х.Ф. и други лица од с.Камењане физички ги нападнале претставникот на ФК „Дрита“ С.М. и шест играчи – А.Р., Ф.Ш., А.Б., Б.А., А.А. и Б.Н..

Комесарот Х.Ф. почнал да му упатува разни пцовки на С.М., по што дошле лицата Б.И. и А.И., при што А.И. во еден момент на С.М. му задал удар со тупаница во пределот на лицето, а во исто време и Х.Ф. го удрил играчот А.Р. со тупаница во задниот дел од главата. Откако влегле во соблекувалната, С.М., А.Р. и останатите фудбалери биле физички нападнати, по што од страна на полициски службеници биле раздвоени и со полициска придружба однесени во полицијата во Камењане каде го пријавиле настанот. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Нови снимки од студентите во Охрид: Ги симнуваат лустерите и пијат од нив, фрлаат прозорци од апартманот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Студенти од Загреб и Србија демолираа хотел во Охрид

Горан Наумовски

Се зголемува бројот на злосторства од омраза во САД

Скопјанка истепала две жени во Ѓорче Петров

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Полицаец осуден на една година затвор, поради претепувањето на битолчанецот додека го апсеше

Кристијан Ландов

ВИДЕО: Тепачка во „КАМ“ маркет, вработен бил нападнат од купувач

Кристијан Ландов