Маскирани лица нападнале две момчиња во Скопје

Од:

Две момчиња биле нападнати и истепани синоќа околу 21 часот на булеварот „Кузман Јосифовски Питу“ од десеттина непознати и маскрирани лица. Од едно од момчињата напаѓачите одзеле 1.000 денари.

Случајот, како што информира денеска МВР, во полиција го пријавил Р.О.(18). Тој на полицијата и кажал дека додека се шетал со неговите другари и соседи Ф.К.(21), еден седумнаесетгодишник и еден петнаесетгодишник, сите од Скопје, биле пресретнати од околу десетина непознати маскирани лица, кои без повод и причина физички ги нападнале Р.О. и седумнаесетгодишникот.

Непознатите ги удирале со раце и нозе во пределот на главата и телото, при што на Р.О. од џебот на тренерката му одзеле 1.000 денари. Ф.К. и петнаесетгодишникот успеале да побегнат. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Нови снимки од студентите во Охрид: Ги симнуваат лустерите и пијат од нив, фрлаат прозорци од апартманот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Студенти од Загреб и Србија демолираа хотел во Охрид

Горан Наумовски

Се зголемува бројот на злосторства од омраза во САД

Скопјанка истепала две жени во Ѓорче Петров

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Полицаец осуден на една година затвор, поради претепувањето на битолчанецот додека го апсеше

Кристијан Ландов

ВИДЕО: Тепачка во „КАМ“ маркет, вработен бил нападнат од купувач

Кристијан Ландов