Марли може да го изгуби едното око – му треба помош и сопственик кој би го згрижил

Од:

Кучето Марли кое го удри камион заздравува, но може да го загуби едното око, објави здружението „Анима мунди“ на нивната фан-страница на „Фесјбук“. Оттаму напишаа дека човек од околната продавница, го преместил Марли од улицата и повикал помош.

„Не знам да се снајдам на улица зашто некогаш имав дом, еве ако не ми верувате носам доказ на себе – зелен околувратник“, напишаа од „Анима мунди“ во име напуштеното куче.

„Сега се чувствувам подобро, имам неколку дупки во главата ама наслушнав од добрите луѓе околу мене што ме боцкаат дека можеби ке го изгубам едното око. Исто така разбрав дека многу луѓе се грижат за мене, дека се молат за мене и донираат А јас мислев дека никогаш нема да биде некој добар со мене откако мојот најдобар пријател ме остави да скитам по улициве“, напишаа од здружнието во име на кучето.

Оттаму додаваат дека Марли со вакви повреди не може да остане на улица и итно му треба и помош и згрижување.

Здраво ?Јас сум Марли ?Моментално не сум во најдобро издание бидејки во саботата ме удри камион дирекно во…

Posted by Anima Mundi – здружение за заштита на животни on Понеделник, 24 декември 2018

Би можело да ве интересира

Група граѓани одржаа протест и марш во Тетово, поради кучето кое угина по пад од зграда

„Анима Мунди“ ги повикува пратениците да ги поддржат измените на Законот за заштита и безбедност на животните

Според тетовската полиција, кучето кое со страотни крици падна од зграда,никој не го турнал

Катерина Ѓуровски

Анима Мунди: Инвеститорот и пожарникари го натерале кучето во Тетово да скокне

А1он

ВИДЕО: Продолжува суровоста во Македонија-куче фрлено од седми кат

Предраг Петровиќ

Германски овчар во Загреб каснал девојка и убил помало куче