Марин: Наш приоритет ќе бидат интересите на граѓаните и ќе работиме проактивно за зачувување на јавниот ред и мир

Од:

Кандидатот за градоначалник на општина Аеродром од СДСМ и коалицијата, Златко Марин денеска во изјава за медиумите рече дека од 15. октомври Аеродром ќе биде отворена општина за сите и дека граѓаните ќе бидат вклучени во креирање на буџетот, во носењето одлуки и во контролата на власта.

– Заедно со граѓаните, ја создадовме и нашата програма за престојните локални избори. На средбите со граѓани, во рамките на проектот „Мое Маало“, прецизиравме мерки предвидени конкретно за урбаните заедници Мичурин и Острово. Мичурин ќе добие нова детска градинка, со што ќе се зголемат капацитетите и децата ќе добијат подобра грижа. Наш приоритет ќе бидат интересите на граѓаните и ќе работиме проактивно за зачувување на јавниот ред и мир, особено околу угостителските објекти. Во Мичурин и Острово имаме предвидено низа сообраќајни решенија, за поголема безбедност и намалување на сообраќајниот метеж. Во соработка со Град Скопје ќе отвориме нови коридори за излез од општината, за да се намали теретот на булеварите „Јане Сандански“ и „Трета Македонска Бригада“, рече Марин.

Тој додаде дека ќе се постави и соодветна сообраќајна сигнализација околу училиштата „Блаже Конески“ и „Браќа Миладиновци“, а кажа дека е предивдена и обележана пешачка зона од ТЦ „Скопјанка“ до училиштето „Браќа Миладиновци“.

– Ќе отвориме нов пазар и ќе го вратиме во функција подземниот премин меѓу двете урбани заедници, под булеварот „Јане Сандански“. По доаѓањето на новата локална самоуправа, предводена од СДСМ, ќе го вратиме квалитетот на живот во општина Аеродром. Ќе ги решиме инфраструктурните проблеми и ќе обезбедиме пријатни детски градинки. Наша насока ќе бидат интересите на жителите на Аеродром. Јас, како градоначалник, секој ден ќе организирам отворени средби со граѓани. Од 15 октомври, воведуваме нов модел на отворена и услужна локална самоуправа – општина за сите, рече Марин.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел

(ВИДЕО) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ, одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Горан Наумовски

Утре втор круг од изборите за градоначалник во Брвеница, денеска гласаат болните

А1он

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните