Маричиќ: Поддршката од ЕУ за македонските граѓански организации клучна за реформската агенда и преговорите

Од:

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ денеска присуствуваше на презентацијата на ЕУ проектот: „Техничка помош за подобрување на поволната средина за граѓанските организации во Република Северна Македонија“, каде истакна дека поддршката од Европската унија за македонските граѓански организации е клучна за спроведувањето на реформската агенда и за напредокот на процесот на преговори.

– Сметам дека на граѓанските организации, во мала земја како нашата, во време кога преговараме за полноправно членство во ЕУ, треба да им се даде простор да учествуваат и да дадат свој придонес за ефикасноста и ефективноста на преговорите. Идејата е тоа да постигнеме во согласност со законската рамка и секако без да се наруши независноста и природата на нивната работа, рече Маричиќ, информирајќи дека Секретаријатот за европски прашања во рамките на проектот „Нордиска поддршка за напредокот на Северна Македонија“ има ангажирано регионален експерт за поддршка во дефинирањето на моделот за соработка со граѓанскиот сектор.

Тој истакна дека како претставник на Владата и актуелен главен преговарач е целосно свесен за клучната улога на граѓанското општество во преговарачкиот процес и од таа причина, во рамките на Одлуката за формирање преговарачка структура за пристапување на Република Северна Македонија во Европската Унија е предвидена можност во работните групи да учествуваат и претставници на граѓанското општество.

– Владата континуирано презема системски мерки за градење на соработка и транспарентен и целосно инклузивен дијалог со граѓанските организации. Нив ги сметаме за рамноправен партнер и коректор на нашите одлуки, со целосно право да учествуваат во креирањето политики, рече вицепремиерот Маричиќ пред шефот на секторот за соработка на Делегацијата на ЕУ, Штефен Худолин и претставниците на граѓанските организации.

Вицепремиерот Маричиќ информираше и дека е во завршна фаза објавување повик за неопходно освежување на првичното мапирање на граѓанските организации заинтересирани за вклучување во кластерите/поглавјата.

-Секретаријатот за европски прашања ќе продолжи да обезбедува здрава основа за учество на граѓанските организации во процесите со кои раководи и потоа да придонесе за уште поголема демократизација на нашата земја, порача вицепремиерот Маричиќ.

Како човек која доаѓа од граѓанскиот сектор, Маричиќ смета дека во заеднички интерес е граѓанските организации да се активни и нивната работа да дава позитивни резултати во локалните заедници, бидејќи на тој начин граѓаните ќе ги почувствуваат придобивките од трансформацијата и европеизацијата на општеството.

Граѓанскиот механизам за отпорност на ЕУ (CRM) е шема за поддршка во натура за малите и т.н. грасрут организации кои им служат на локалните заедници низ целата земја. ЕУ одвои 900 000 евра за поддршка на активностите предложени и спроведени од граѓански организации. Секој успешен апликант може да добие поддршка до 20 000 евра, а активностите се очекува да започнат во јануари 2023 година. Шемата за поддршка во натура се спроведува во рамките на проектот финансиран од ЕУ „Техничка помош за подобрување на поволната средина за граѓанските организации во Република Северна Македонија“, а проектот функционира од крајот на 2020 година и веќе испорача значајна помош до владините институции одговорни за соработка и поддршка на граѓанското општество.

Би можело да ве интересира

Маричиќ ќе биде прв вицепремиер во владата на Џафери, за Груби се измислува ново вицепремиерско место „за политички прашања“

Маричиќ го пречека Шарл Мишел на охридскиот аеродром

А1он

Маричиќ: За време на француското претседателство треба да се направи обид за решение со Бугарија​

А1он

Маричиќ: Евроинтеграцискиот процес значи забрзување на реформите и економски развој

А1он

Маричиќ по средбата со Лирман: Започнување преговори за членство во ЕУ е нашиот клучен надворешно – политички приоритет, сметаме на поддршката на Германија

А1он

„Маричиќ ги тера судиите да го кршат законот“, за Калајџиев, линч е министерот да ја коментира одлуката за Мијалков

Кристијан Ландов