Маричиќ по средбата со Лирман: Започнување преговори за членство во ЕУ е нашиот клучен надворешно – политички приоритет, сметаме на поддршката на Германија

Од:

Заменик на претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ денеска оствари средба со германската министерка за Европа, Ана Лирман, по што одржаа заедничка прес-конференција на која ја истакна важноста на евроинтегративниот процес на државата и започнување преговори за членство во ЕУ.

dobivaj vesti na viber

„Отпочнување на процесот на преговори е нашиот клучен надворешно – политички приоритет, заедно со регионалната стабилност, а воедно и наша обврска, бидејќи нашите граѓани заслужуваат да живеат во модерна, безбедна и просперитетна земја која нуди еднакви можности за сите. Во таа насока би ја подвлекол важноста на Берлинскиот процес со кој Западен Балкан тргна во вистинска насока и со кој несомнено направивме реален исчекор во реформските процеси, но и во регионалната економска соработка, којашто претставува темел за одржлив раст и прогрес. Во оваа регионална соработка презедовме одговорност за многу процеси и иницијативи со кои покажавме дека нашите политики се засновани на европските и демократски вредности, мирот, еднаквоста, почитување на човековото достоинство, отворени за соработка и вистински посветени на овие заложби. Покажавме дека знаеме да испорачаме резултати, да се интегрираме и да создадовме пријателска атмосфера и помеѓу државите и помеѓу граѓаните од Западен Балкан, кои пак денес ги уживаат придобивките од интеграцијата на регионот. Во таква атмосфера ќе се одвиваат и разговорите со Бугарија. Со директен, транспарентен и инклузивен дијалог секое отворено прашање се решава. Предизвикот кој е пред нас и единствена пречка за отпочнување преговори и верувам дека ќе се надмине со добра и искрена волја на двете страни, согласно принципите на меѓународното право и европските постулати“, подвлече Маричиќ.

Маричиќ изрази благодарност до Република Германија за досегашната поддршка во евроинтеграциите на Република Северна Македонија и најави дека во претстојниот период ќе се интензивира подготовката на администрацијата за процесот на преговори со ЕУ.

„Од исклучително значење е посетата во време кога новата Влада, со дополнета програма и надоградени политики, започнува со својата работа и ја сметам како афирмација на германската поддршка за нашата европска перспектива и воопшто за интеграцијата на Западниот Балкан во Унијата. Во таа насока, би изразил задоволство и благодарност што неодамна избраната Влада предводена од канцеларот Шолц, високо на коалициската програма го има и проширувањето на Унијата со земјите од Западен Балкан. Во програмата експлицитно се нагласува потребата за отпочнување на преговорите со Северна Македонија и Албанија, без дополнителни одлагања. Германија, неминовно, останува важен и искрен стратешки партнер на нашата земја, и сигурно е дека односите меѓу двете земји ќе продолжат да се развиваат во заеднички интерес. Во наредниот период ни претстои период на интензивирање на подготовката на администрацијата за понесување на процесот на преговори, комуникација со сите актери клучни за успешен преговарачки процес – граѓанските организации, академската и бизнис заедницата, јакнење на капацитетите на институциите за апсорпција на ИПА фондовите, едноставно кажано, целосно покренување на структурата за преговори“, заклучи Маричиќ.

Би можело да ве интересира

Маричиќ го пречека Шарл Мишел на охридскиот аеродром

А1он

Маричиќ: За време на француското претседателство треба да се направи обид за решение со Бугарија​

А1он

Маричиќ: Евроинтеграцискиот процес значи забрзување на реформите и економски развој

А1он

„Маричиќ ги тера судиите да го кршат законот“, за Калајџиев, линч е министерот да ја коментира одлуката за Мијалков

Кристијан Ландов

Маричиќ: Не можам да бидам рамнодушен за условната казна за сообраќајката во Охрид во која починаа две момчиња

А1он

Маричиќ: Со нови закони до ефикасна борба против корупцијата

А1он