Маричиќ: За време на француското претседателство треба да се направи обид за решение со Бугарија​

Од:

Заменик претседателот на Влада задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ, денес во своето обраќање на форумот „100 дена Влада“ ги презентираше состојбите и напредокот во процесот на преговори со Република Бугарија за отстранување на ветото, како и за подготвеноста на земјата во евроинтегративниот процес.

-По прв пат во процесот на преговори со Бугарија воспоставивме систем на рационални разговори, разговори коишто се водат на повеќе теми, разговори коишто даваат диверзификација темите на кои разговараме. Процесот престана да биде заробен само од одредени прашања, пред сè поврзани со историјата и тој нов пристап и нова енергија даваат резултати без разлика на сите пречки, истакна Маричиќ, додавајќи дека Владата се обврза тој дијалог да се води достоинствено и во духот на европските вредности и досега се реализирани конкретни заеднички проекти, има успешна работа во рамки на петте работни групи.

Вицепремиерот Маричиќ потенцираше дека оваа година за време на француското претседателство треба да се направи обид за сериозен напредок и решение, бидејќи Франција е една од највлијателните држави во ЕУ, а и претседателот Макрон се залага лично за напредок на евроинтеграциите на Западен Балкан.

– Јас мислам дека траекторијата на движење која ја воспоставивме со новиот пристап со владата на Бугарија е таа единствено што може да не доведе до некаков успех, рече Маричиќ.
Во однос на подготвеноста за евроинтеграцискиот процес, вицепремиерот Маричиќ рече дека Северна Македонија имала периоди и на напредок и на назадување,дека е прва држава која ја потпиша Спогодбата за стабилизација и асоцијација и 17 години го има статусот на кандидат.

– Последните пет години се период на интензивен напредок во делот на евроинтеграциите и тоа време треба да се верификува. Ако гледаме и по податоците во процесот на Стабилизација и асоцијација, кој трае веќе скоро 20 години и по сите оние напори што ги правиме во редовното известување кон ЕУ, имаме ниво на 45% подготвеност или усогласеност со системот на ЕУ, истакна Маричиќ.

– Тоа не е малку, и ветува дека кога ќе ги почнеме преговорите тие нема да траат премногу во однос на исполнувањето на условите и усогласување на нашиот систем. Најдобар репер за тоа се извештаите на Европската комисија, посочи вицепремиерот Маричиќ, подвлекувајќи дека во последните четири години земјата добива добри извештаи кои ги верификуваат успесите, но ги препознаваат и слабостите, коишто даваат мотив да се продолжи напред.

Би можело да ве интересира

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

СДСМ: ЕУ е единствен патоказ за подобра македонска иднина

А1он

Европската Комисија ќе обезбеди општи рамковни услови за почеток на преговорите со Украина за пристапување во ЕУ

ЕУ за А1он: Измените на Законот за игри на среќа не упатуваат ниту на ограниченото европското законодавство

Александар Тодески