Манчевски за денеска најави средби за прекинот на ТВ-програмите од операторите

Од:

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, најави дека во текот на денов ќе има средби со засегнатите страни во однос на исклучувањето на емитувањето на телевизиските канали што го направија синоќа операторите.

Според Манчевски, новите настани и информации му даваат оптимизам за надминување на проблемот.

-Во текот на денот ќе имаме комуникација на оваа тема со сите заинтересирани страни. Јас би почекал во текот на денот да видиме како ќе се одвива ситуцијата. Јас и вчера напишав на Фејсбук и издадовме соопштение од Министерството дека се работи за прекршување на членови од Законот за електронски комуникации. Без разлика, денес ќе оствариме неколку средби со заинтересираните страни за да видиме што и да се случува да не биде на грбот на граѓаните како што тоа беше вчера, изјави Манчевски при посетата на канцеларијата „Една точка за услуги“ во Тетово што денеска и официјално почнува со работа.

Манчевски потенцираше дека Агенцијата за електронски комуникации како регулаторно тело е надлежно за евентуални постапки кон операторите што вчера го исклучија емитувањето на телевизиските канали.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе 40-тина амандмани за пакетот закони од МИОА, од кои 21 за Законот за административни службеници

Трајчевски: АВМУ го тужи МИОА затоа што ни исплати 80.000 евра помалку од законски предвидените

A1on

Алиу: Вработувањата не се предизборни, ќе се вработат на неопределено лица кои работеле привремено

A1on

Алиу: Конечен став за забраната на Тик-Ток по координација со правосудните, образовните и безбедносните институции

Горан Наумовски

Почнаа преговорите за решавање на проблемите на регионалните и локалните радиодифузери

А1он

МИОА: Нови алатки во процесите за дигитална трансформација на општеството

А1он