Манчевски: Поставуваме јасни стандарди и критериуми при изборот и разрешување на раководители на институциите

Од:

Министерството за инфорамтичко општество и администрација прави голем исчекор во насока на професионализација и департизација на јавната администрација. Тоа е едно од клучните барања на граѓаните, но и на нашите партнери од ЕУ. Владата на вчерашната седница ја прифати информацијата носење на Закон за висока раководна служба. Целта на оваа реформа е поставување на јасни стандарди и критериуми, како и полна транспарентност при изборот и разрешувањето на раководителите на институциите во Македонија.

„Македонија е прва земја од регионот којашто со започнување на оваа реформа, се обврзува преку нов закон да утврди јасни критериуми за избор на професионални раководни кадри. Ова е можеби еден од најважните чекори во процесот на професионализацијата на администрацијата, што е една од главните цели на процесот на реформа на јавната администрација. Тоа ќе се постигне преку зајакната примена на начелата на заслуги, еднакви можности и правична застапеност. Со овој концепт, ќе се постигне професионализација на високите раководни позиции“, истакна министерот Манчевски.

Со новиот закон за Висока Раководна Служба, ќе се воспостави унифицирана процедура за назначување на раководна позиција, професионализација на раководните позиции, издвоена од политичкото управување, со политичка одговорност.

Како што истакна министерот Манчевски, високата раководна служба ќе се вработуваат преку систем на заслуги и процедури на јавен оглас, отворен за сите граѓани со високо образование. Раководителите ќе се избираат преку индивидуализирани процедури.

„Преку оваа реформа, исто така сакаме да воспоставиме и пракса на постојана ревизија на раководителите на институциите. Тоа значи дека тие ќе бидат предмет на оценување една година по назначувањето, и на секои наредни две години. Со воведувањето на системот на оценување ќе се зголеми ефикасноста, квалитетот, ефективноста, а со тоа и одговорноста на овие служби, за разлика од моменталната состојба каде сите овие индикатори отсуствуваат“, заклчуи министерот Манчевски.

Би можело да ве интересира

Алиу: Вработувањата не се предизборни, ќе се вработат на неопределено лица кои работеле привремено

A1on

Од јануари нема да се чека согласност од Финансии за вработување во администрација

ЕСМ: Вработуваме затоа што за три години останавме без 1190 вработени

A1on

Протест на вработените во судска администрација, поддршка добија од претседателот на Судскиот совет

Предраг Петровиќ

Државната администрација брои 129.374 вработени, во Владата и министерствата работат 14.500 лица

A1on

Не се знае каде и за што се потрошени 12 милиони евра од вкупно 30 за реформи во администрацијата, утврди ревизијата

A1on