Манчевски: МИОА презема активности за подобрување на политиките за отворено податоци на јавните институции

Од:

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, заедно со американскиот заменик амбасадор Микаела Швајцер- Блум официјално ја отворија работилницата Peace Tech Exchange, наменета за вработените во институциите на власта.

Министерот Манчевски истакна дека МИОА и Владата работат на вклучување на сите заинтересирани страни во креирање на политиките во интерес на граѓаните. Транспарентноста, отчетноста и како што посочи тој, отвореното владино партнерство се во корелација со иновациите, развојот и конкурентноста.

„Во моментов се имплементира третиот Национален Акциски план за Отворено владино партнерство. Имплементацијата на акцискиот план продолжува со зголемена динамика и интензитет. Нов статус за напредокот согласно динамиката за известување ќе презентираме во јануари 2018. Во јануари ќе се отпочне четвртиот циклус на подготовка на Акциски план за ОВП 2018-2020. Во создавањето на планот централно место ќе заземат консултациите во и надвор од Владата, вклучувајќи и широки консултации со министерствата и други органи на државната управа, како и консултација со општата јавност, граѓанските организации, академските институции и приватниот сектор”, истакна министерот Манчевски.

Министерот исто така посочи дека МИОА презема активности за подобрување на политиките за отворени податоци на јавните институции, со цел, не само да се подобри транспарентноста и одговорноста, туку и да се искористи економскиот потенцијал на отворените податоци.

„Во моментов ја подготвуваме Националната стратегија за отворени податоци и пилотираме проект со две министерства, Министерството за финансии и Министерството за земјоделство за да ги идентификуваат и приоретизираат нивните збирки на податоци кои се клучни за јавниот интерес. Планираме да продолжиме со оваа активност и во другите министерства во 2018 година”, рече министерот.

Заменик амбасадорот Швајцер-Блум исто така се осврна на важноста на отворените податоци кои како што рече, се клучниот инструмент во борбата против корупцијата.

Работилницата ја организира PeaceTech Lab од Американскиот Мировен Институт, во соработка со локалниот партнер, Democracy Lab, а со поддршка на Амбасадата на САД во Македонија.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе 40-тина амандмани за пакетот закони од МИОА, од кои 21 за Законот за административни службеници

Трајчевски: АВМУ го тужи МИОА затоа што ни исплати 80.000 евра помалку од законски предвидените

Орце Костов

Алиу: Вработувањата не се предизборни, ќе се вработат на неопределено лица кои работеле привремено

Орце Костов

Алиу: Конечен став за забраната на Тик-Ток по координација со правосудните, образовните и безбедносните институции

Горан Наумовски

Почнаа преговорите за решавање на проблемите на регионалните и локалните радиодифузери

А1он

МИОА: Нови алатки во процесите за дигитална трансформација на општеството

А1он