Манчевски: Државните службеници треба да бидат лојални кон институцијата и државата, а не кон партијата

Од:

Министерството за информатичко општество и администрација, Британската амбасада во Македонија и Институтот за геостратешки истражувања и надворешна политика при Министерството за надворешни работи денеска организираа панел дискусија.

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, зборуваше за предизвиците со кои што се соочува Македонија, во време кога со промена на власта од хибриден режим државата премина во демократија.

„Главниот предизвик е како да се обезбеди непреченост на процесите. Граѓаните и бизнис секторот мора да продолжат да ги добиваат услугите и покрај ваквите големи промени во владината администрација. Се разбира, сите овие предизвици директно се поврзани со државните службеници. Нивната професионалност налага лојалност кон институцијата и политиките кои раководството ги носи со себе. Но пред се налага лојалност кон државата, а не кон партијата“, посочи министерот Манчевски.

На панел дискусијата свое излагање имаше Сајмон Мекдоналд, постојан потсекретар на Министерството за надворешни работи и Комонвелт на Британија. Тој ги сподели британското искуство за тоа како јавната администрација се приспособува и менаџира со промената на владите и политиките, додека продолжува со испорачување на услугите кон граѓаните.

„Кога ќе се стави јавното добро пред личната корист и кога најдобрите луѓе ќе се вработуваат на секој работна позиција, тогаш можеме да кажеме дека имаме професионална и независна јавна администрација. На вработените најголем мотив треба да им биде тоа што работата во служба на граѓаните“, истакна Мекдоналд.

Амбасадор на Велика Британија, Чарлс Гарет, се осврна на предизвикот со кои што се соочи јавната администрација во Британија, по референдумот за излез од Европската Унија.

„Најдобар механизам за Македонија и новата влада да се справи со проблемот на ’заробена држава’ е независна и професионална администрација“, порача Гарет.

Панел дискусијата ја модерираше Амбасадор на Република Македонија Н.Е. Абдулкадар Мемеди, директор на ИГИНП.

Присуствуваа претставници на државните институции, кои имаа можност да се вклучат во дискусија, да поставуваат прашања и да ги споделат своите искуства во работењето во јавната администрација.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе 40-тина амандмани за пакетот закони од МИОА, од кои 21 за Законот за административни службеници

Трајчевски: АВМУ го тужи МИОА затоа што ни исплати 80.000 евра помалку од законски предвидените

A1on

Алиу: Вработувањата не се предизборни, ќе се вработат на неопределено лица кои работеле привремено

A1on

Алиу: Конечен став за забраната на Тик-Ток по координација со правосудните, образовните и безбедносните институции

Горан Наумовски

Почнаа преговорите за решавање на проблемите на регионалните и локалните радиодифузери

А1он

МИОА: Нови алатки во процесите за дигитална трансформација на општеството

А1он