МАН до Рашковски: Престанете со закани и повлечете се од намера за судски прогон

Од:

Македонската асоцијација на новинари (МАН) најостро ги осудува заканите на генералниот секретар на Владата Драги Рашковски упатени до новинарите и медиумите на денешната прес конференција во Владата.

„Ваквите постапки преставуваат директен пристисок врз работата на медиумите.

– Рашковски директно го прекршува Член 3 од Законот за медиуми и Уставот со кој се гарантира слободата на медиумите и што таа опфаќа. Со овие закани, генералниот секретар на владата врши директен политички притисок. Македонската асоцијација на новинари (МАН) бара од генералниот секретар Драги Рашковски да престане со закани и да се повлечете од намерата за судски прогон. Токму ваквите постапки ја донесоа Македонија на врвот во ЕУ по црна статистика. Во ЕУ, 23% од медиумите и новинарите се под директни судски закани и политички притисок, во земјава просекот е фантастични 52%.“, смета МАН.

„И МАН потсетува на Декларацијата за слобода на политичка дебата во медиумите на Советот на Европа наведено е: „Јавните функционери мора да прифатат дека тие ќе бидат предмет на јавен надзор и критики, посебно по пат на медиумите во поглед на начинот на кој ги извршувале или ги извршуваат своите функции во онаа мера во која тоа е неопходно поради обезбедување транспарентност и одговорно извршување на функцијата“.

Воедно, заканите за тужби, наместо користењето на правото на исправка или одговор претставуваат загрозување на слободата на информирање и воопшто, на слободата на медиумите.

Истовремено, сакаме да потсетиме дека овие закани не се единствени кои ги има упатено генералниот секретар на владата, има и кон други институции и лица.“, велат од Македонската асоцијација на новинари

Би можело да ве интересира

Рашковски поднесе кривична пријава против обвинителката во „Софтвери”

Рашковски: Ајде по процедури да видиме кој е корумпиран, а не со сила и од позиција на моќ

Горан Наумовски

Рашковски: Сингапур има биометрија, Србија има сообраќаен софтвер, Македонија ги има Трајчева и Русковска

Катерина Павлова-Николовска

Сведок во „Софтвери“: По состанокот кај Рашковски, Луковски ми кажа дека системот можеме да го набавиме од ФИНКИ

Кристијан Ландов

Став на Рашковски: Брејди (англ. Brady) против Ивана Трајчева и Вилма Русковска

Ана Ололовска

Рашковски: Зачудува што Зеќири праќал дописи без да ме праша, се докажуваше на моја штета

Кристијан Ландов