Малолетник повреден кај „Буково“ при сеча на дрва

Од:

Полицијата поднесе кривична пријава против лицето С.Ѓ. (40) од охридското село Велгошти, како одговорен за случајот со повредувањето малолетно лице на депонијата „Буково“, што се наоѓа на половина пат меѓу Охрид и Ресен.

Според спроведената полициска истрага, несаканиот настан се случил на 2 февруари околу 13 часот, при сеча на дрво во депонијата „Буково“ со која стопанисува Јавното претпријатие „Охридски комуналец“.

Пријавениот С.Ѓ. вработен како чувар во депонијата, сечел бука со висина од 15 метри, во чија непосредна близина имало поставен шатор во кој заедно со неговиот татко престојувал малолетникот, роден 2005 година во Битола. Исеченото стебло паднало врз шаторот во кој бил малолетникот, нанесувајќи му тешки повреди на главата. Повредениот со возило на Службата за итна медицинска помош од Ресен бил пренесен во болницата во Битола, но поради сериозноста на повредите, подоцна е префрлен во Клинички центар – Скопје.

Би можело да ве интересира

Втор ден гори депонијата Буково, непријатна миризба се чувствува во Охрид

Орце Костов

„Не можеме да дишеме, има многу болни“ – жителите бараат затворање на депонијата „Буково“ кај Охрид

Наместо одговор за тоа кој ќе сноси одговорност, Охрид упатува апел за поголема контрола врз депонијата „Буково“, која гори

Кристијан Ландов

(ВИДЕО) Депонијата „Буково“ гори, директорот на комуналното е задоволен од одржувањето од фирмата на Нефи Усеини

Кристијан Ландов

Засега нема спас од депонијата „Буково“, Петровска вели: „Не е лето, нема да гори“

Кристијан Ландов

ВИДЕО: Од синоќа гори депонијата кај Буково