Наместо одговор за тоа кој ќе сноси одговорност, Охрид упатува апел за поголема контрола врз депонијата „Буково“, која гори

Од:

Наместо одговори дали некој ќе понесе одговорност што повторно гори депонијата „Буково“, охридскиот градоначалник Константин Георгиески упатува апел до надлежните институции за поголема контрола. Ваков е дописот од Општина Охрид на прашањата дали градоначалникот гледа пропусти кај директорот на комуналното претпријатие, Лупчо Грданоски, задолжено да управува со „Буково“, или кај фирмата „Нефи ИК“, која треба да ја одржува депонијата, и сега дополнително откако таа повторно е во пламен. Освен општ одговор дека Општината прави една-две контроли годишно кај комуналното претпријатие и вo работaта на фирмата од екссоветникот на ДУИ, Нефи Усеини, не се кажува кој потфрла, штом депонијата повторно гори.

За тоа време, чад и смрдеа и натаму има од депонијата, а жителите на околните села размислуваат и јавно да го изразат револтот со блокирање на патот. Според Општина Охрид, за проблемот со депонијата треба да мисли Министерството за животна средина. Градоначалникот Георгиески го премолчи и одговорот на прашањето дали размислува да го разреши Грданоски, со оглед дека депонијата повторно е во пламен.

„Според Планот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион и препораките од УНЕСКО, депонијата ‘Буково’ треба да биде затворена бидејќи таа претставува проблем со години и значително ја загадува животната средина. Надлежните инспектори за животна средина од одделението за инспекциски надзор при Општина Охрид еднаш-двапати годишно вршат контрола на работењето на депонијата, на обврските што ги има јавното препријатие и на надлежностите на фимата што е избрана за нејзино одржување. Според информациите со кои располага Општина Охрид, депонијата честопати гори во летниот период поради несовесноста на поединци, кои намерно предизвикуваат пожари. Упатуваме апел до надлежните институции за поголема контрола на потегот на депонијата“, велат од Општина Охрид.

Речиси две недели гори депонијата „Буково“. „А1он“ објави дека на годишно ниво се трошат по 45 илјади евра за нејзино одржување. Последниот тендер, како и претходниот, го доби фирмата „Нефи ИК“, сопственост на поранешниот советник во Охрид и бизнисмен Нефи Усеини. Директорот на „Охридски комуналец“, Лупчо Грданоски, е задоволен од работата на фирмата. Оваа депонија се наоѓа на патот Охрид – Ресен.

Би можело да ве интересира

Приведен охриѓанец, го фотографирал гласачкото ливче

Катерина Ѓуровски

Работнички од Непал му избегале на газдата од Охрид, случајот пријавен во полиција

Орце Костов

(ВИДЕО) Пожар во охридската кафеана „Беко“

Горан Наумовски

Ванковска: Сосема нов Устав, затоа што постоечкиот е неупотреблив – дели наместо да сплотува

А1он

Левица од Охрид: Тука Нефи го рушеше АСНОМ додека Пецаков молчи

Орце Костов

Костадиновска-Стојчевска: Ги исполнуваме препораките на УНЕСКО и заеднички овозможуваме трајна заштита на Охридскиот регион