Малолетник нападнат во маркет во Сингелиќ

Од:

Х.Р. (16) од Сингелиќ синоќа бил нападнат од непознати лица во маркет на улицата „Радован Ковачевиќ“.

Како што соопшти МВР, немилиот настан се случил околу 21 часот, а го пријавил Х.Р.. Според неговото кажување, меѓу напаѓачите бил и С.С (19) од Скопје кому Х.Р. му нанел повреда со нож, сакајќи да се одбрани.

Х.Р. бил удрен во пределот на главата од непознато лице, по што извадил нож и го прободел С.С. во ногата. Доктор од Градската општа болница „Наум Охридски“ кај С.С. констатирал повреда на левата нога по што го пуштил на домашно лекување, додека Х.Р. е пренесен во Ургентен центар – Скопје.

Се работи на целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Нови снимки од студентите во Охрид: Ги симнуваат лустерите и пијат од нив, фрлаат прозорци од апартманот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Студенти од Загреб и Србија демолираа хотел во Охрид

Горан Наумовски

Се зголемува бројот на злосторства од омраза во САД

Скопјанка истепала две жени во Ѓорче Петров

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Полицаец осуден на една година затвор, поради претепувањето на битолчанецот додека го апсеше

Кристијан Ландов

ВИДЕО: Тепачка во „КАМ“ маркет, вработен бил нападнат од купувач

Кристијан Ландов